Министерството за култура не го поддржа Струмичкиот карневал

Струмичкиот карневал, манифестација со вековна традиција и со најголем број учесници и посетители во Република Македонија, како да не постои за Министерството за култура. Ова министерство ја одби пријавата на општина Струмица за проектот Меѓународен струмички карневал 2015 доставена на годишниот конкурс за финансирање проекти од национален интерес во културата од областа на музичка и музичко – сценска дејност за 2015 година.

Нема конкретно образложение зошто се одбива пријавата на општина Струмица, туку, дека се одбива согласно со дополнително направената уметничка, професионална и непристрасна селекција на стручната комисија за музичко – сценска дејност, согласно оценката на квалитетот на проектот изразен преку целите и ефектите на проектот и конципираноста на проектот во согласност со приоритетите во музичка и музичко – сценска дејност за 2015 година.

Срамно и жално, истовремено. Светот ги виде, а Министерството за култура не успеа да ги препознае вистинските вредности на Струмичкиот карневал. Ниту пак непристрасната комисија.

Да потсетиме:

Од 1994 година Струмица е член на Меѓународната асосцијација на карневалските градови - FECC, со што карневалот доби интернационален карактер и се вброи во картата на светските карневали. Како резултат на посебниот однос кон карневалот и вековната традиција Струмичкиот карневал прерасна во културна манифестација со која Струмица е препознатлива не само во Република Македонија, туку и многу пошироко. Слободно може да се каже дека Струмичкиот карневал не само што е најквалитетна карневалска манифестација, истовремено е и манифестација со најголем број учесници и најголем број посетители во Република Македонија, најзастапена манифестација од Македонија на интернет, препорачана во културното списание на Советот на Европа и во едно од специјализираните списанија на авиокомпанијата ВИЗЗЕР, и не случајно, два пати е прогласен за Супер бренд на Македонија.

Уште две големи признанија карневалот доби во 2013 година од списанието Arabian travel news кое Струмичкиот карневал го вброи меѓу 20-те топ улични карневали во светот, а Министерството за економија на Република Македонија го прогласи за најдобра туристичка манифестација во Македонија.

Трендот на успеси продолжи и годинава. Најпознатата американска телевизија НБЦ својата репортажа за карневалите во светот ја наслови ,,Од Бразил до Македонија: Карневалите ги започнаа шареноликите празнувања“ почнувајки ја рeпортажата со карневалот во Рио за на крајот да заврши со Струмичкиот карневал.

Уште еден голем успех годинава беше и одлуката на Генералното собрание на FECC, одбележувањето на роденденот на FECC да се одржи во Струмица во рамките на одбележувањето на 20 годишниот јубилеј од приемот на Струмичкиот карневал во Светската карневалска асоцијација.

И сето ова за Министерство за култура не е доволно финансиски да го поддржи Струмичкиот карневал, но затоа пак дарежливо е и тоа со милионски суми за останатите манифестации од таков тип во државата.

ОПШТИНА СТРУМИЦА

Извор: www.strumicacity.com

Swiss News

Erfolgreicher Austria Showcase Bau und Infrastruktur in Skopje
IMAGE Sieben österreichische Unternehmen präsentierten sich vorTransportminister und Baufirmen Am 5. November 2014 organisierte das AußenwirtschaftsCenterSkopje einen durch die Internationalisierungsoffensive desÖsterreichischen Wirtschaftsministeriums finanzierten Showcase zuBau & Infrastruktur in Mazedonien. Austria Showcase Bau und Infrastruktur in SkopjeSieben österreichische Firmen (u.a. Thales, Voith, Delta Bloc,Terra-Mix) präsentierten sich vor allen relevanten mazedonischenPlayern dieser Branche wie dem Transportminister, dem Direktorder mazedonischen „Asfinag“ sowie den größten Bauunternehmen.Das Thema wird in Mazedonien auch in Zukunft aufgrund vonEBRD-Krediten und IPA... Read More...
Bau von Pflegeheimen und Kindergärten in Mazedonien
IMAGE Regierung bietet Förderungen - auch für Auslandsinvestoren Die mazedonische Regierung fördert den Bau von Alterspflegeheimenund Kindergärten. 35 neue Lokationen sind für den Bau vonPflegeheime identifiziert worden, 55 Objekte sollen erneuertwerden. Für den Bau von neuen Kindergärten stehen 23 Lokationenzur Verfügung.Der Grundstückspreis wird für 1 Euro/m2 angeboten, dieReduzierung der kommunalen Gebühren und Abgaben beträgt 95 %.Auch ausländische Unternehmen können in diesen Bereicheninvestieren. Mehr... Read More...
Schweizer unterliegen Mazedonien deutlich
IMAGE Für die Schweizer Handballer verläuft der Auftakt zur EM-Ausscheidung unbefriedigend. In Mazedonien bezieht die SHV-Auswahl eine 20:27-Niederlage.(si) Die international ins untere Tableau abgerutschte Equipe von Rolf Brack erfüllte zumindest während der ersten 34 Minuten die Erwartungen. Als Roman Sidorowicz das 11:12 markierte, zeichnete sich ein überraschend gutes Ergebnis ab. Dann unterliefen dem Aussenseiter aber zu viele «unforced errors», derweil der EM-Fünfte von 2012 die Schlagzahl nochmals spürbar erhöhte und innerhalb weniger Minute die Zäsur erzwang. Am Ende war die Differenz sogar deutlicher als bei den Niederlagen gegen die Balkan-Equipe in der letzten missratenen... Read More...
Griechenland und Mazedonien streiten vor UN um Staatsnamen
IMAGE NEW YORK (awp international) - Griechenland und das kleine Mazedonien werden ihren Namensstreit jetzt auf höchster Ebene austragen. Der Sondergesandte von UN-Generalsekretär Ban Ki Moon, Matthew Nimetz, will die Vertreter beider Länder nächste Woche in New York erst einzeln und dann gemeinsam empfangen, teilten die Vereinten Nationen am Mittwoch mit. «Ziel ist es, durch unsere Vermittlung eine beiderseits akzeptable Lösung der »Namenssache« zu finden», sagte Nimetz. Griechenland stört sich seit Jahrzehnten an dem Namen «Mazedonien» der einstigen jugoslawischen Teilrepublik, weil die Region - nach Darstellung Athens - kaum etwas gemein habe mit dem antiken Mazedonien, Heimat von... Read More...
Das letzte Refugium des Balkan-Luchses
IMAGE Die Stauung von Gebirgsflüssen im Nationalpark Mavrovo bedroht eine herrliche Landschaft und ihre natürlichen Bewohner. Aber auch die einheimischen Naturschützer werden von den Behörden unter Druck gesetzt.Das Besucherzentrum des Mavrovo-Nationalparks ist ein hübsches Blockhaus. Durch die Büsche am Strassenrand glitzert der See. Ein freundlicher Parkwächter sitzt zwischen geschnitzten Souvenirs und Wanderkarten. Doch an diesem Morgen läuft alles schief. Der Parkwächter ist nervös. Er schwitzt und telefoniert und verschwindet schliesslich im ersten Stock. Ratlos bleibt die kleine Besuchergruppe aus Journalisten und Naturschützern zurück, die eine anderthalbstündige Fahrt hinauf... Read More...

Види новости

Се издава стан во Струмица

Се издава комплетно наместен стан во Струмица.

Повеќе инфо...

Пребарувај

Пријави настан

Пријавете ги бесплатно вашите актуелни настани кои се од интерес на македонците во Швајцарија.
Пријави настан

CH Партнери

Baeckerei Gold
Evolution Design
Maneski Construction
PPC Concept
Swiss Keys Management SA
Velkov Importation

МК Партнери

cobi
dalvina
evolution-webdesign
kuli
lavinter

Бизнис Каталог