Кој рече адио за Рио? И деветтото место ни носи квалификации за ЛОИ!

Ако Катар стане азиски шампион во октомври, а на Европското првенство во Полска в година триумфира (на пример) Шпанија, која исто така е четврт-финалист на ова СП – се отвора место за олимписките квалификации и за осмопласираниот и за деветтотопласираниот од овој Мундијал, пласман кој веројатно ќе го оствари Македонија.

Вечерва навивајте Германија и Франција да се пласираат во четврт-финале! Зошто? Затоа што на тој начин Македонија ќе заврши деветта на Светското првенство во Катар и широко ќе си ги отвори вратите кон пласман на олимписките квалификации!

Според пропозициите на ИХФ, шест екипи ќе се пласираат на Олимписките квалификации преку овој Мундијал, односно екипите коишто ќе завршат од 2. до 7. место. Меѓутоа, ако некоја од тие екипи стане шампион на својот континент, се отвора дополнително место за осмопласираната, деветтопласираната…

Да упростиме со пример. Катар е веќе пласиран меѓу најдобрите осум на СП, под претпоставка, заедно со уште седум европски екипи. Ако Катар стане азиски шампион во октомври, а на Европското првенство во Полска в година триумфира (на пример) Шпанија, која исто така е четврт-финалист на ова СП – се отвора место за олимписките квалификации и за осмопласираниот и за деветтотопласираниот од овој Мундијал, пласман кој веројатно ќе го оствари Македонија.

Значи, Македонија ќе се пласира на олимписки квалификации ако се исполнат овие три услова:

- Франција и Германија вечерва да влезат во четврт-финале и со тоа завршиме деветти на СП;

- Катар да стане шампион на Азија на првенството во октомври;

- Репрезентацијата која в година во Полска ќе стане европски првак, да биде една од тие што на овој Мундијал во Катар влегле во четврт-финале.

Објаснувањето е дека директна виза за ОИ добиваат домаќинот (Бразил), светскиот првак и прваците на сите континенти (освен Океанија). Од друга страна, олимписките квалификации ќе ги сочинуваат 12 репрезентации, од кои шест мора да дојдат од СП во Катар. Затоа, ако една од репрезентациите кои завршиле од 2. до 7. место во Катар стане континентален првак, своето место во квалификациите го отстапува на осмата, деветта, десеттата…репрезентација од СП, а не на некоја селекција од конкретното континентално првенство.

Исто така, ако една иста репрезентација стане и светски и европски првак, своето право на директен пласман во Рио го отстапува на финалистот од ЕП (во Полска 2016), а пак, финалистот, кој (под претпоставка) завршил од 2. до 7. место во Катар повторно својот пласман во олимписките квалификации го отстапува на осмата, деветтата, десеттата…селекција од СП во Катар.

Или упростено, ако Франција стане и светски првак и европски шампион в година, во Полска, правото на директно учество во Рио би го добила второпласираната на идното ЕП (на пример Шпанија). А, бидејќи Шпанија во Катар беше пласирана од 2. до 7. место, нејзината виза за олимписките квалификации ја добива осмата екипа од Мундијалов, или поради евентуалната азиска титула на Катар, деветтата репрезентација – условно земено Македонија!

Шанси за Олимписките квалификации имаме дури и ако Франција, или Германија не ги поминат Аргентина, односно Египет и со тоа ние бидеме 10. или 11. на СП. Но во тој случај потребно е исто како и Катар и Аргентина и/или Египет да станат шампиони на своите континентални првенства, за визата за квалификациите да се отстапи на десеттопласираната, единаесеттопласираната…селекција на овој Мундијал.

Извор: www.sportmedia.mk

Swiss News

Erfolgreicher Austria Showcase Bau und Infrastruktur in Skopje
IMAGE Sieben österreichische Unternehmen präsentierten sich vorTransportminister und Baufirmen Am 5. November 2014 organisierte das AußenwirtschaftsCenterSkopje einen durch die Internationalisierungsoffensive desÖsterreichischen Wirtschaftsministeriums finanzierten Showcase zuBau & Infrastruktur in Mazedonien. Austria Showcase Bau und Infrastruktur in SkopjeSieben österreichische Firmen (u.a. Thales, Voith, Delta Bloc,Terra-Mix) präsentierten sich vor allen relevanten mazedonischenPlayern dieser Branche wie dem Transportminister, dem Direktorder mazedonischen „Asfinag“ sowie den größten Bauunternehmen.Das Thema wird in Mazedonien auch in Zukunft aufgrund vonEBRD-Krediten und IPA... Read More...
Bau von Pflegeheimen und Kindergärten in Mazedonien
IMAGE Regierung bietet Förderungen - auch für Auslandsinvestoren Die mazedonische Regierung fördert den Bau von Alterspflegeheimenund Kindergärten. 35 neue Lokationen sind für den Bau vonPflegeheime identifiziert worden, 55 Objekte sollen erneuertwerden. Für den Bau von neuen Kindergärten stehen 23 Lokationenzur Verfügung.Der Grundstückspreis wird für 1 Euro/m2 angeboten, dieReduzierung der kommunalen Gebühren und Abgaben beträgt 95 %.Auch ausländische Unternehmen können in diesen Bereicheninvestieren. Mehr... Read More...
Schweizer unterliegen Mazedonien deutlich
IMAGE Für die Schweizer Handballer verläuft der Auftakt zur EM-Ausscheidung unbefriedigend. In Mazedonien bezieht die SHV-Auswahl eine 20:27-Niederlage.(si) Die international ins untere Tableau abgerutschte Equipe von Rolf Brack erfüllte zumindest während der ersten 34 Minuten die Erwartungen. Als Roman Sidorowicz das 11:12 markierte, zeichnete sich ein überraschend gutes Ergebnis ab. Dann unterliefen dem Aussenseiter aber zu viele «unforced errors», derweil der EM-Fünfte von 2012 die Schlagzahl nochmals spürbar erhöhte und innerhalb weniger Minute die Zäsur erzwang. Am Ende war die Differenz sogar deutlicher als bei den Niederlagen gegen die Balkan-Equipe in der letzten missratenen... Read More...
Griechenland und Mazedonien streiten vor UN um Staatsnamen
IMAGE NEW YORK (awp international) - Griechenland und das kleine Mazedonien werden ihren Namensstreit jetzt auf höchster Ebene austragen. Der Sondergesandte von UN-Generalsekretär Ban Ki Moon, Matthew Nimetz, will die Vertreter beider Länder nächste Woche in New York erst einzeln und dann gemeinsam empfangen, teilten die Vereinten Nationen am Mittwoch mit. «Ziel ist es, durch unsere Vermittlung eine beiderseits akzeptable Lösung der »Namenssache« zu finden», sagte Nimetz. Griechenland stört sich seit Jahrzehnten an dem Namen «Mazedonien» der einstigen jugoslawischen Teilrepublik, weil die Region - nach Darstellung Athens - kaum etwas gemein habe mit dem antiken Mazedonien, Heimat von... Read More...
Das letzte Refugium des Balkan-Luchses
IMAGE Die Stauung von Gebirgsflüssen im Nationalpark Mavrovo bedroht eine herrliche Landschaft und ihre natürlichen Bewohner. Aber auch die einheimischen Naturschützer werden von den Behörden unter Druck gesetzt.Das Besucherzentrum des Mavrovo-Nationalparks ist ein hübsches Blockhaus. Durch die Büsche am Strassenrand glitzert der See. Ein freundlicher Parkwächter sitzt zwischen geschnitzten Souvenirs und Wanderkarten. Doch an diesem Morgen läuft alles schief. Der Parkwächter ist nervös. Er schwitzt und telefoniert und verschwindet schliesslich im ersten Stock. Ratlos bleibt die kleine Besuchergruppe aus Journalisten und Naturschützern zurück, die eine anderthalbstündige Fahrt hinauf... Read More...

Види новости

Се издава стан во Струмица

Се издава комплетно наместен стан во Струмица.

Повеќе инфо...

Пребарувај

Пријави настан

Пријавете ги бесплатно вашите актуелни настани кои се од интерес на македонците во Швајцарија.
Пријави настан

CH Партнери

Baeckerei Gold
Evolution Design
Maneski Construction
PPC Concept
Swiss Keys Management SA
Velkov Importation

МК Партнери

cobi
dalvina
evolution-webdesign
kuli
lavinter

Бизнис Каталог