Симболите на Геоглифот се исти како на Каменот од розета

Професорот Аристотел Тентов напоменува дека сите симболи на светиниколскиот Геоглиф се напишани со демотско писмо, истото што е откриено на Каменот од розета. Преку нивото дешифрирање се објаснува дека под ридот се сместени три гробници на божества: на врховниот бог на древните Македонци Творецот на универзумот, на Големата мајка и нивниот првороден син, богот Ѕе

Под Геоглифот во светиниколското село Црнилиште има огромен комплекс од три простории: една помала и две поголеми со димензии од околу 18 метри ширина и 11 метри должина, а пред нив голем елипсоиден ходник. На средината поминува река која се двои на два дела како гејзер или фонтана, што наведува на фактот дека се работи за ритуално, култно место бидејќи во минатото значајните објекти па и градовите се граделе во близина на извори со жива вода.

Сето тоа е прикажано на 3Д скиците кои ги изработи професорот Аристотел Тентов врз основа на резултатите од електромагнетното и акустично истражување на локалитетот што на двапати лани го вршеа меѓународни експерти.

- По неколку месеци од истражувањата, ја добиваме сликата за тоа што всушност се крие под Геоглифот. Се работи за комплекс што зафаќа површина од 100 х 70 мери и има три простории за кои сметам дека е можно дека се гробниците на македонските божества: Творецот на универзумот, Големата Мајка и нивниот првороден син, богот Ѕе. Звукот што е снимен, а произлегува од овалната просторија, според мене служи како резонатор што го трансформира звукот со интервал на голема прецизност, но засега не би можел да објаснам за што точно се работи. Тоа останува да се види кога ќе се влезе внатре, вели професорот Тентов.

Тој објаснува дека двете мали точки на сликата се изворите на водата и се на повисоко ниво - едната е југоисток, другата југозапад и го пренесуваат звукот и од просторијата и од водата која таму се движи. Трите комори се на длабочина на 11 метри од основата на влезот, а од влезот до нив има 15 метри должина со пад од 11 метри, што значи дека се поставени многу стрмно.

Вештачки објект стар околу шест илјади години

Професорот Тентов напоменува дека сите симболи се од демотско писмо (истото од Каменот од розета) и го претставуваат богот Ѕе, кој е првороден син на Големата Мајка и на врховниот бог на древните Македонци творецот на универзумот. Самиот симбол - големата испрекршена стрелка што се наоѓа во вид на ровови на врвот на Геоглифот, еднаш во годината, на 22,јули на роденденот на Александар Велики се пресликува со небесната слика на соѕвездието Касиопеја што е уште еден показател дека се работи за многу значаен сакрален објект.

- Дефинитивно се работи за многу вредна градба, вештачки објект кој најверојатно потекнува од пред шест илјади години. Претпоставувам некогаш бил отворен, но дека бил сокриен под заканата од Римјаните. Тоа се потврдува и со видот на земјата со која е затрупан, а различна од онаа од околината. Но, ќе повторам дека тоа треба да се потврди со археолошки истражувања, вели Тентов.

И самата градба е изградена врз принципот на Теслина физика, односно Теслини бранови кои современата наука не ги познава доволно и претставува предизвик за современата научна јавност. Тоа, според Тентов, исто така дава едно ново светло во историјата, не само македонската туку и на светската наука дека на овие простори опстојувала многу развиена цивилизација. Најверојатно, додава професорот, ќе се потврди теоријата дека Македонија е лулката на светот.

- Нас не учеа дека божествата се бесмртни. Меѓутоа, податоците од индиската цивилизација која доживеала контакти со македонската цивилизација 3000 години пред новата ера, во периодот на Дионис, укажуваат дека Македонците своите богови ги прикажуваат како луѓе, со човечки лик, само што живееле многу подолго од еден човечки век, појаснува Тентов.

Се очекува дозвола за археолошко истражување

Локалната власт ги поддржува сите истражувачки проекти на својата територија, а конкретно за Геоглифот, градоначалникот на Свети Николе, Зоран Тасев, вели дека по добиените првични резултати, од Управата за културно наследство веќе побарал дозвола за археолошко истражување.

- Ние сме подготвени и во овој дел од истражувањата, заедно со македонските археолози да вклучиме странски експерти. Посочен ни е дури најдобриот египтолог, Ола Ел Агуизи, која ја носи титулата прв археолог на Египет, а и самата покажала интерес да дојде во Свети Николе, изјави Тасев.

Геоглифот во близина на Свети Николе стана популарен пред две години откако хрватскиот истражувач и археолог Домагој Николиќ во емисијата „На рубу знаности„" објави дека во селото Црнилиште е откриен древен симбол на можна кралска гробница од времето на Пајонците, дури се сомневаше дека таму се наоѓа гробот на Александар Македонски или на некој владетел од неговата династија.

Но, ако археолозите ја потврдат теоријата на меѓународниот експертски тим кој учествуваше во неинвазивните истражувања, тогаш треба да очекуваме дека сме на прагот на големо, епохално откритие.

Извор: 

Swiss News

Erfolgreicher Austria Showcase Bau und Infrastruktur in Skopje
IMAGE Sieben österreichische Unternehmen präsentierten sich vorTransportminister und Baufirmen Am 5. November 2014 organisierte das AußenwirtschaftsCenterSkopje einen durch die Internationalisierungsoffensive desÖsterreichischen Wirtschaftsministeriums finanzierten Showcase zuBau & Infrastruktur in Mazedonien. Austria Showcase Bau und Infrastruktur in SkopjeSieben österreichische Firmen (u.a. Thales, Voith, Delta Bloc,Terra-Mix) präsentierten sich vor allen relevanten mazedonischenPlayern dieser Branche wie dem Transportminister, dem Direktorder mazedonischen „Asfinag“ sowie den größten Bauunternehmen.Das Thema wird in Mazedonien auch in Zukunft aufgrund vonEBRD-Krediten und IPA... Read More...
Bau von Pflegeheimen und Kindergärten in Mazedonien
IMAGE Regierung bietet Förderungen - auch für Auslandsinvestoren Die mazedonische Regierung fördert den Bau von Alterspflegeheimenund Kindergärten. 35 neue Lokationen sind für den Bau vonPflegeheime identifiziert worden, 55 Objekte sollen erneuertwerden. Für den Bau von neuen Kindergärten stehen 23 Lokationenzur Verfügung.Der Grundstückspreis wird für 1 Euro/m2 angeboten, dieReduzierung der kommunalen Gebühren und Abgaben beträgt 95 %.Auch ausländische Unternehmen können in diesen Bereicheninvestieren. Mehr... Read More...
Schweizer unterliegen Mazedonien deutlich
IMAGE Für die Schweizer Handballer verläuft der Auftakt zur EM-Ausscheidung unbefriedigend. In Mazedonien bezieht die SHV-Auswahl eine 20:27-Niederlage.(si) Die international ins untere Tableau abgerutschte Equipe von Rolf Brack erfüllte zumindest während der ersten 34 Minuten die Erwartungen. Als Roman Sidorowicz das 11:12 markierte, zeichnete sich ein überraschend gutes Ergebnis ab. Dann unterliefen dem Aussenseiter aber zu viele «unforced errors», derweil der EM-Fünfte von 2012 die Schlagzahl nochmals spürbar erhöhte und innerhalb weniger Minute die Zäsur erzwang. Am Ende war die Differenz sogar deutlicher als bei den Niederlagen gegen die Balkan-Equipe in der letzten missratenen... Read More...
Griechenland und Mazedonien streiten vor UN um Staatsnamen
IMAGE NEW YORK (awp international) - Griechenland und das kleine Mazedonien werden ihren Namensstreit jetzt auf höchster Ebene austragen. Der Sondergesandte von UN-Generalsekretär Ban Ki Moon, Matthew Nimetz, will die Vertreter beider Länder nächste Woche in New York erst einzeln und dann gemeinsam empfangen, teilten die Vereinten Nationen am Mittwoch mit. «Ziel ist es, durch unsere Vermittlung eine beiderseits akzeptable Lösung der »Namenssache« zu finden», sagte Nimetz. Griechenland stört sich seit Jahrzehnten an dem Namen «Mazedonien» der einstigen jugoslawischen Teilrepublik, weil die Region - nach Darstellung Athens - kaum etwas gemein habe mit dem antiken Mazedonien, Heimat von... Read More...
Das letzte Refugium des Balkan-Luchses
IMAGE Die Stauung von Gebirgsflüssen im Nationalpark Mavrovo bedroht eine herrliche Landschaft und ihre natürlichen Bewohner. Aber auch die einheimischen Naturschützer werden von den Behörden unter Druck gesetzt.Das Besucherzentrum des Mavrovo-Nationalparks ist ein hübsches Blockhaus. Durch die Büsche am Strassenrand glitzert der See. Ein freundlicher Parkwächter sitzt zwischen geschnitzten Souvenirs und Wanderkarten. Doch an diesem Morgen läuft alles schief. Der Parkwächter ist nervös. Er schwitzt und telefoniert und verschwindet schliesslich im ersten Stock. Ratlos bleibt die kleine Besuchergruppe aus Journalisten und Naturschützern zurück, die eine anderthalbstündige Fahrt hinauf... Read More...

Види новости

Се издава стан во Струмица

Се издава комплетно наместен стан во Струмица.

Повеќе инфо...

Пребарувај

Пријави настан

Пријавете ги бесплатно вашите актуелни настани кои се од интерес на македонците во Швајцарија.
Пријави настан

CH Партнери

Baeckerei Gold
Evolution Design
Maneski Construction
PPC Concept
Swiss Keys Management SA
Velkov Importation

МК Партнери

cobi
dalvina
evolution-webdesign
kuli
lavinter

Бизнис Каталог