За тајните на геоглифот кај Свети Николе слушна светската научна јавност

Геоглифот во Овчеполието ја заинтригира светската научна јавност. Извештајот со резултатите од археоакустично и електромагнетно истражување што беше извршено во март и во јуни годинава, а го направија група експерти од Македонија и странство беше презентиран на престижната научна конференција АРСА (Advanced Research of Scientific Areas) која се одржа викендов во словачката метропола Братислава.

Промоцијата собрана на 15 страници текст, потпишана од шестмина научници ја изврши професорот Паоло Дебертолис кој и официјално објави дека геоглифот е вештачки рид под кој се крие сакрален комплекс со огромни димензии. Тој им покажа на своите колеги дека на врвот од јајцевидната височинка што е откриена во близина на светиниколското село Црнилиште има џиновски симбол - геоглиф кој изгледа потполно исто како една од недешифрираните букви од микенската азбука, позната како Линеарно Б. Дебертолис пред научната елита во Братислава изјави дека геоглифот дефинитивно е свето место, што се потврдува со водата која е пронајдена околу неговиот центар или околу централната оска.

- Целата структура, заедно со неговата форма и симболизам наликува на космичко јајце, што претставува извор за исконското творештво. Оваа височинка се познава дека е вештачка дури и од авион. Геоглифот е видлив само од небото и е лоциран во овален ров. Неколку мерења, направени со различни методи сугерираа дека долу е лоцирана просторија. Истражувањето со помош на различни методи исто така покажа дека станува збор за верско заградено земјиште, поради водата која се наоѓа во центарот или на некоја точка по должината на главната оска. Освен тоа, бидејќи почвата не се совпаѓа со околната област, се покажа дека оваа височинка била внимателно конструирана со посебна цел. Која е таа цел, останува да се истражи во иднина, пишува во извештајот потпишан од шестчлениот интернационален и интердисциплинарен тим што пред неколку месеци го извршија испитувањето.

- Истражувањата беа презентирани пред сериозен аудиториум кои знаат што прават, а тоа ни беше и целта. Да добиеме верификација од научната заедница. Мислам дека со тоа ќе го завртиме погледот на сериозната научна заедница кон овој комплекс кој нималку не е едноставен. Сепак претставува многу, повторувам, многу сериозен научен комплекс од периодот на антиката. Тоа е многу атрактивно откритие кое мораме да го заштитиме како комплекс кој припаѓа на Македонија и како дело на Македонците. Дело што го покажува нашиот континуитет. Дека нашите антички предци имале свој став во делот на науката и дека тој став бил меѓу врвните. Да прецизирам, се потврдува дека нашите антички предци биле водечка развиена цивилизација, вели професорот Тентов, кој е дел од тимот истражувачи.

Тој се уште не открива дали со истражувањата се потврди неговата хипотеза дека под геоглифот се крие гробница на Големата Мајка, или на Врховниот бог на Македонците, Богот на сонцето Ѕе.

- Треба да се извршат уште неколку мерења за да се прецизираат уште неколку сегменти, по што и официјално ќе ја известиме јавноста. Сакам да напоменам дека сите ние треба да сме подготвени за едно големо епохално откритие, вели професорот Тентов.

Геоглифот стана популарен откако хрватскиот независен истражувач и археолог Домагој Николиќ во емисијата "На рубу знаности# презентираше дека е можно гробот на Александар Македонски да се наоѓа во близина на Свети Николе каде е откриен древен симбол на кралска гробница од времето на Пајонците.

Градоначалникот на општина Свети Николе, Зоран Тасев е задоволен од резултатите од истражувањето и нивната промоција на научниот собир во Братислава. Тој вели дека локалната самоуправа и натаму ќе ги поддржува истражувањата и очекува геоглифот, заедно со археолошкиот локалитет Била Зора да придонесат за развој на археолошкиот туризам.

Извор: 

Swiss News

Erfolgreicher Austria Showcase Bau und Infrastruktur in Skopje
IMAGE Sieben österreichische Unternehmen präsentierten sich vorTransportminister und Baufirmen Am 5. November 2014 organisierte das AußenwirtschaftsCenterSkopje einen durch die Internationalisierungsoffensive desÖsterreichischen Wirtschaftsministeriums finanzierten Showcase zuBau & Infrastruktur in Mazedonien. Austria Showcase Bau und Infrastruktur in SkopjeSieben österreichische Firmen (u.a. Thales, Voith, Delta Bloc,Terra-Mix) präsentierten sich vor allen relevanten mazedonischenPlayern dieser Branche wie dem Transportminister, dem Direktorder mazedonischen „Asfinag“ sowie den größten Bauunternehmen.Das Thema wird in Mazedonien auch in Zukunft aufgrund vonEBRD-Krediten und IPA... Read More...
Bau von Pflegeheimen und Kindergärten in Mazedonien
IMAGE Regierung bietet Förderungen - auch für Auslandsinvestoren Die mazedonische Regierung fördert den Bau von Alterspflegeheimenund Kindergärten. 35 neue Lokationen sind für den Bau vonPflegeheime identifiziert worden, 55 Objekte sollen erneuertwerden. Für den Bau von neuen Kindergärten stehen 23 Lokationenzur Verfügung.Der Grundstückspreis wird für 1 Euro/m2 angeboten, dieReduzierung der kommunalen Gebühren und Abgaben beträgt 95 %.Auch ausländische Unternehmen können in diesen Bereicheninvestieren. Mehr... Read More...
Schweizer unterliegen Mazedonien deutlich
IMAGE Für die Schweizer Handballer verläuft der Auftakt zur EM-Ausscheidung unbefriedigend. In Mazedonien bezieht die SHV-Auswahl eine 20:27-Niederlage.(si) Die international ins untere Tableau abgerutschte Equipe von Rolf Brack erfüllte zumindest während der ersten 34 Minuten die Erwartungen. Als Roman Sidorowicz das 11:12 markierte, zeichnete sich ein überraschend gutes Ergebnis ab. Dann unterliefen dem Aussenseiter aber zu viele «unforced errors», derweil der EM-Fünfte von 2012 die Schlagzahl nochmals spürbar erhöhte und innerhalb weniger Minute die Zäsur erzwang. Am Ende war die Differenz sogar deutlicher als bei den Niederlagen gegen die Balkan-Equipe in der letzten missratenen... Read More...
Griechenland und Mazedonien streiten vor UN um Staatsnamen
IMAGE NEW YORK (awp international) - Griechenland und das kleine Mazedonien werden ihren Namensstreit jetzt auf höchster Ebene austragen. Der Sondergesandte von UN-Generalsekretär Ban Ki Moon, Matthew Nimetz, will die Vertreter beider Länder nächste Woche in New York erst einzeln und dann gemeinsam empfangen, teilten die Vereinten Nationen am Mittwoch mit. «Ziel ist es, durch unsere Vermittlung eine beiderseits akzeptable Lösung der »Namenssache« zu finden», sagte Nimetz. Griechenland stört sich seit Jahrzehnten an dem Namen «Mazedonien» der einstigen jugoslawischen Teilrepublik, weil die Region - nach Darstellung Athens - kaum etwas gemein habe mit dem antiken Mazedonien, Heimat von... Read More...
Das letzte Refugium des Balkan-Luchses
IMAGE Die Stauung von Gebirgsflüssen im Nationalpark Mavrovo bedroht eine herrliche Landschaft und ihre natürlichen Bewohner. Aber auch die einheimischen Naturschützer werden von den Behörden unter Druck gesetzt.Das Besucherzentrum des Mavrovo-Nationalparks ist ein hübsches Blockhaus. Durch die Büsche am Strassenrand glitzert der See. Ein freundlicher Parkwächter sitzt zwischen geschnitzten Souvenirs und Wanderkarten. Doch an diesem Morgen läuft alles schief. Der Parkwächter ist nervös. Er schwitzt und telefoniert und verschwindet schliesslich im ersten Stock. Ratlos bleibt die kleine Besuchergruppe aus Journalisten und Naturschützern zurück, die eine anderthalbstündige Fahrt hinauf... Read More...

Види новости

Се издава стан во Струмица

Се издава комплетно наместен стан во Струмица.

Повеќе инфо...

Пребарувај

Пријави настан

Пријавете ги бесплатно вашите актуелни настани кои се од интерес на македонците во Швајцарија.
Пријави настан

CH Партнери

Baeckerei Gold
Evolution Design
Maneski Construction
PPC Concept
Swiss Keys Management SA
Velkov Importation

МК Партнери

cobi
dalvina
evolution-webdesign
kuli
lavinter

Бизнис Каталог