Откриено седиштето на пелагонскиот крал?!

Станува збор за фантастичен град на околу 2 хектари со одбранбен ѕид од доцната антика, како и внатрешен дворец изграден од огромни камени блокови, кој според конструкцијата на блоковите датира од 4 век пр.н.е. Ова се согласува со споменувањето на кралот на Пелагонците од 365 година п.н.е., вели директорот на Управата за заштита на културното наследство, проф. д-р Виктор Лилчиќ

Македонската археолошка експедиција врши обемни истражувања на врвот Висока на Селечка Планина, каде што се смета дека се наоѓа седиштето на пелагонскиот крал. Ископувањата кои ги вршат единаесетте археолози на 1.470 метри надморска височина претставуваат и најобемно едномесечно истражување на овој врв. Директорот на Управата за заштита на културното наследство, проф. д-р Виктор Лилчиќ, посочува дека се работи за капитален проект.

"Станува збор за фантастичен град на околу 2 хектари кој има одбранбен ѕид што датира од доцната антика, но има и внатрешен дворец изграден од огромни камени блокови, кој според конструкцијата датира од раната антика, од 4 век пр.н.е. На Висока се наоѓаат остатоци од еден висок горни град кој поседува владетелски карактеристики. Човекот што го подигнал најверојатно бил владетел. Наше е да откриеме дали бил владетел на локална територија, на некое кнежевство, или на целото Пелагонско Кралство, кое егзистирало некаде 5, 4, 3 век пр.н.е“, вели Лилчиќ.

Бидејќи се работи за трето истражување по ред, во изминатиот период на овој простор се откриени керамика, садови и монети, кои според Лилчиќ, потекнуваат од Филип Втори се до византискиот цар Јустинијан во 6 век од новата ера.

"Има монети на македонскиот крал Антигон-Гонат, монети на Деметриј, монети на раните македонски градови Анфиполис, Тесалоника, на Пела, на римскиот цар Нерон, монети од 4 век, од 6 век на византиските цареви Јустинијан Први и Втори, па дури и монета од средновековниот период, од 12 или 13 век“, објаснува Лилчиќ, што според него, укажува на континуитет на цивилизирано градско живеење.

Пронајдена е и бронзена монета на македонскиот крал Деметриј Први, кој владеел во 3 век пред нашата ера, рановизантиски клуч, тег за мерење златници, керамичен пирамидален тег за ткаење на разбој и луксузната керамика донесена од Атика.

"Од она што го имаме откриено горе на Висока и од ова што сега го откриваме со оваа најнова и најобемна експедиција што ја предводи м-р Дејан Кебакоски од Институтот за старословенска култура од Прилеп ќе го потврдиме нашето убедување дека се работи за кралот на Пелагонците. Дворецот главно датира од 4 век пр.н.е., тогаш е изграден и се согласува со споменувањето на кралот на Пелагонците од 365 година пр.н.е. Интересно е дека што предокот на Пелагонците се споменува во Илијадата на Хомер“, вели Лилчиќ.

Пред две години во подножјето на Висока е откриена кралската гробница, како и остатоци од голем ѕид, за кој се претпоставува дека била зимската палата на кралот.

Во втората фаза - приоден пат до големиот град

Археолошкиот комплекс Висока, Старо Бонче стана интересно за археолозите во 2005 година, кога за првпат почнаа истражувањата на големиот град. Досегашните истражувања се дел од првата фаза, додека втората фаза, според одговорните од Управата за заштита на културното наследство, ќе започне во моментот кога ќе се направи приоден пат за возилата од преминот Писокал - Момирица до Висока, како и откога ќе се засилат археолошките истражувања во Долниот Град на некрополата и на населбата.

Извор: 

Swiss News

Erfolgreicher Austria Showcase Bau und Infrastruktur in Skopje
IMAGE Sieben österreichische Unternehmen präsentierten sich vorTransportminister und Baufirmen Am 5. November 2014 organisierte das AußenwirtschaftsCenterSkopje einen durch die Internationalisierungsoffensive desÖsterreichischen Wirtschaftsministeriums finanzierten Showcase zuBau & Infrastruktur in Mazedonien. Austria Showcase Bau und Infrastruktur in SkopjeSieben österreichische Firmen (u.a. Thales, Voith, Delta Bloc,Terra-Mix) präsentierten sich vor allen relevanten mazedonischenPlayern dieser Branche wie dem Transportminister, dem Direktorder mazedonischen „Asfinag“ sowie den größten Bauunternehmen.Das Thema wird in Mazedonien auch in Zukunft aufgrund vonEBRD-Krediten und IPA... Read More...
Bau von Pflegeheimen und Kindergärten in Mazedonien
IMAGE Regierung bietet Förderungen - auch für Auslandsinvestoren Die mazedonische Regierung fördert den Bau von Alterspflegeheimenund Kindergärten. 35 neue Lokationen sind für den Bau vonPflegeheime identifiziert worden, 55 Objekte sollen erneuertwerden. Für den Bau von neuen Kindergärten stehen 23 Lokationenzur Verfügung.Der Grundstückspreis wird für 1 Euro/m2 angeboten, dieReduzierung der kommunalen Gebühren und Abgaben beträgt 95 %.Auch ausländische Unternehmen können in diesen Bereicheninvestieren. Mehr... Read More...
Schweizer unterliegen Mazedonien deutlich
IMAGE Für die Schweizer Handballer verläuft der Auftakt zur EM-Ausscheidung unbefriedigend. In Mazedonien bezieht die SHV-Auswahl eine 20:27-Niederlage.(si) Die international ins untere Tableau abgerutschte Equipe von Rolf Brack erfüllte zumindest während der ersten 34 Minuten die Erwartungen. Als Roman Sidorowicz das 11:12 markierte, zeichnete sich ein überraschend gutes Ergebnis ab. Dann unterliefen dem Aussenseiter aber zu viele «unforced errors», derweil der EM-Fünfte von 2012 die Schlagzahl nochmals spürbar erhöhte und innerhalb weniger Minute die Zäsur erzwang. Am Ende war die Differenz sogar deutlicher als bei den Niederlagen gegen die Balkan-Equipe in der letzten missratenen... Read More...
Griechenland und Mazedonien streiten vor UN um Staatsnamen
IMAGE NEW YORK (awp international) - Griechenland und das kleine Mazedonien werden ihren Namensstreit jetzt auf höchster Ebene austragen. Der Sondergesandte von UN-Generalsekretär Ban Ki Moon, Matthew Nimetz, will die Vertreter beider Länder nächste Woche in New York erst einzeln und dann gemeinsam empfangen, teilten die Vereinten Nationen am Mittwoch mit. «Ziel ist es, durch unsere Vermittlung eine beiderseits akzeptable Lösung der »Namenssache« zu finden», sagte Nimetz. Griechenland stört sich seit Jahrzehnten an dem Namen «Mazedonien» der einstigen jugoslawischen Teilrepublik, weil die Region - nach Darstellung Athens - kaum etwas gemein habe mit dem antiken Mazedonien, Heimat von... Read More...
Das letzte Refugium des Balkan-Luchses
IMAGE Die Stauung von Gebirgsflüssen im Nationalpark Mavrovo bedroht eine herrliche Landschaft und ihre natürlichen Bewohner. Aber auch die einheimischen Naturschützer werden von den Behörden unter Druck gesetzt.Das Besucherzentrum des Mavrovo-Nationalparks ist ein hübsches Blockhaus. Durch die Büsche am Strassenrand glitzert der See. Ein freundlicher Parkwächter sitzt zwischen geschnitzten Souvenirs und Wanderkarten. Doch an diesem Morgen läuft alles schief. Der Parkwächter ist nervös. Er schwitzt und telefoniert und verschwindet schliesslich im ersten Stock. Ratlos bleibt die kleine Besuchergruppe aus Journalisten und Naturschützern zurück, die eine anderthalbstündige Fahrt hinauf... Read More...

Види новости

Се издава стан во Струмица

Се издава комплетно наместен стан во Струмица.

Повеќе инфо...

Пребарувај

Пријави настан

Пријавете ги бесплатно вашите актуелни настани кои се од интерес на македонците во Швајцарија.
Пријави настан

CH Партнери

Baeckerei Gold
Evolution Design
Maneski Construction
PPC Concept
Swiss Keys Management SA
Velkov Importation

МК Партнери

cobi
dalvina
evolution-webdesign
kuli
lavinter

Бизнис Каталог