Грчки аналитичар: Ако ги прашаме сите земји за името, 99% ќе поддржат да се вика Република Македонија

Останувам на ставот дека Грција треба да го признае уставното име на Република Македонија, вели за Дневникк грчкиот новинар и аналитичар Такис Михас, по објавувањето на анализата под наслов Македонија и Источна Германијаа во која говори за тоа колку се коректни и конзистентни, но и селективни ставовите на грчката надворешна политика.

- Ако направиме анкета во целиот свет и ако ги прашаме сите земји што мислат за прашањето за името, 99 отсто ќе речат дека го поддржуваат мислењето на Македонија да се вика Република Македонија, изјави Михас.

Според него, причината за ваквиот одговор не е ниту оти знаат многу за историјата на Македонија ниту дека им е многу грижа за Македонија.

- Единствената причина зошто би го рекле тоа е стандардната дипломатска практика. Таа стандардна практика значи да го почитуваш името со кое се нарекува владата на една суверена земја. И тоа треба да се почитува, а не дека јас или некој друг е загрижен за тоа која е историјата на Македонија, вели Михас и додава дека тој останува на ставот оти Атина треба да го признае нашето уставно име.

Континуираното одбивање на Грција да го признае уставното име на својот сосед, односно Република Македонија, се темели главно на два аргумента од страна на официјална Атина, пишува Михас во анализата. Првиот е дека ова име не кореспондира со историската и културна реалност, односно дека Македонија била само грчка, и вториот, дека употребата на терминот Македонија од една земја што опфаќа географски дел од Македонија значи експанзионистички амбиции.

Според него, ако овие два аргумента не се однесуваат само на соседната земја, туку се општи правила на грчката надворешна политика, значи дека Грција не признава држави чие име не соодветствува со политичката, историската и културната реалност. Нареден аргумент би бил дека Грција не признава држави чие име содржи експанзионистички ставови, а според власта во Грција, замената на само еден дел од името претставува експанзионистички став.

Михас додава дека треба да се постави прашањето не дали овие правила се коректни, туку дали Грција е конзистентна и дали секогаш се применуваат или тоа се прави селективно.

Како доказ за селективноста, тој го зема примерот со Источна Германија. Во декември 1973 владата на грчката воена хунта официјално ја признала Источна Германија, откако претходно во 1971 тоа го сторила и Западна Германија.

- Грчките влади ја признаваа ДДР под уставното име Германска Демократска Република, а со тоа се прекршуваат две правила од кои се раководи грчката надворешна политика, наведува Михас.

Тој вели дека се крши едно од правилата бидејќи владата на ДДР не беше демократска, туку државата беше брутална еднопартиска диктатура, која подигаше ѕидови за да го спречи бегството на луѓето. Понатаму се крши уште едно правило, а тоа е дека во овој случај се користи името Германија и тоа од една држава која географски е дел од цела Германија.

- Па зошто Грција го направи тоа? Зошто не побара признавање на ДДР под името еднопартиска диктатура во Источна Германијаа? И зошто тоа го стори и Западна Германија? Зошто Бон не побара промена на името на Источна Германија, како што прави сега со грчка Македонија, пред да ја признае, прашува Михас.

Одговорот е едноставен, бидејќи кога Грција и Западна Германија ја признале ДДР со уставното име се раководеле од стандардната дипломатска практика, што значи признавање на реалноста во која името не содржи територијални аспирации.

- Признавањето на името имплицира единствено прифаќање на фактот дека има суверени права, вклучувајќи го и правото на именување, како што бил случајот со одлуката на Берлин и одлуката на владата во Скопје во случајот со Македонија додава Такис Михас.

Извор: Вечер

Swiss News

Erfolgreicher Austria Showcase Bau und Infrastruktur in Skopje
IMAGE Sieben österreichische Unternehmen präsentierten sich vorTransportminister und Baufirmen Am 5. November 2014 organisierte das AußenwirtschaftsCenterSkopje einen durch die Internationalisierungsoffensive desÖsterreichischen Wirtschaftsministeriums finanzierten Showcase zuBau & Infrastruktur in Mazedonien. Austria Showcase Bau und Infrastruktur in SkopjeSieben österreichische Firmen (u.a. Thales, Voith, Delta Bloc,Terra-Mix) präsentierten sich vor allen relevanten mazedonischenPlayern dieser Branche wie dem Transportminister, dem Direktorder mazedonischen „Asfinag“ sowie den größten Bauunternehmen.Das Thema wird in Mazedonien auch in Zukunft aufgrund vonEBRD-Krediten und IPA... Read More...
Bau von Pflegeheimen und Kindergärten in Mazedonien
IMAGE Regierung bietet Förderungen - auch für Auslandsinvestoren Die mazedonische Regierung fördert den Bau von Alterspflegeheimenund Kindergärten. 35 neue Lokationen sind für den Bau vonPflegeheime identifiziert worden, 55 Objekte sollen erneuertwerden. Für den Bau von neuen Kindergärten stehen 23 Lokationenzur Verfügung.Der Grundstückspreis wird für 1 Euro/m2 angeboten, dieReduzierung der kommunalen Gebühren und Abgaben beträgt 95 %.Auch ausländische Unternehmen können in diesen Bereicheninvestieren. Mehr... Read More...
Schweizer unterliegen Mazedonien deutlich
IMAGE Für die Schweizer Handballer verläuft der Auftakt zur EM-Ausscheidung unbefriedigend. In Mazedonien bezieht die SHV-Auswahl eine 20:27-Niederlage.(si) Die international ins untere Tableau abgerutschte Equipe von Rolf Brack erfüllte zumindest während der ersten 34 Minuten die Erwartungen. Als Roman Sidorowicz das 11:12 markierte, zeichnete sich ein überraschend gutes Ergebnis ab. Dann unterliefen dem Aussenseiter aber zu viele «unforced errors», derweil der EM-Fünfte von 2012 die Schlagzahl nochmals spürbar erhöhte und innerhalb weniger Minute die Zäsur erzwang. Am Ende war die Differenz sogar deutlicher als bei den Niederlagen gegen die Balkan-Equipe in der letzten missratenen... Read More...
Griechenland und Mazedonien streiten vor UN um Staatsnamen
IMAGE NEW YORK (awp international) - Griechenland und das kleine Mazedonien werden ihren Namensstreit jetzt auf höchster Ebene austragen. Der Sondergesandte von UN-Generalsekretär Ban Ki Moon, Matthew Nimetz, will die Vertreter beider Länder nächste Woche in New York erst einzeln und dann gemeinsam empfangen, teilten die Vereinten Nationen am Mittwoch mit. «Ziel ist es, durch unsere Vermittlung eine beiderseits akzeptable Lösung der »Namenssache« zu finden», sagte Nimetz. Griechenland stört sich seit Jahrzehnten an dem Namen «Mazedonien» der einstigen jugoslawischen Teilrepublik, weil die Region - nach Darstellung Athens - kaum etwas gemein habe mit dem antiken Mazedonien, Heimat von... Read More...
Das letzte Refugium des Balkan-Luchses
IMAGE Die Stauung von Gebirgsflüssen im Nationalpark Mavrovo bedroht eine herrliche Landschaft und ihre natürlichen Bewohner. Aber auch die einheimischen Naturschützer werden von den Behörden unter Druck gesetzt.Das Besucherzentrum des Mavrovo-Nationalparks ist ein hübsches Blockhaus. Durch die Büsche am Strassenrand glitzert der See. Ein freundlicher Parkwächter sitzt zwischen geschnitzten Souvenirs und Wanderkarten. Doch an diesem Morgen läuft alles schief. Der Parkwächter ist nervös. Er schwitzt und telefoniert und verschwindet schliesslich im ersten Stock. Ratlos bleibt die kleine Besuchergruppe aus Journalisten und Naturschützern zurück, die eine anderthalbstündige Fahrt hinauf... Read More...

Види новости

Се издава стан во Струмица

Се издава комплетно наместен стан во Струмица.

Повеќе инфо...

Пребарувај

Пријави настан

Пријавете ги бесплатно вашите актуелни настани кои се од интерес на македонците во Швајцарија.
Пријави настан

CH Партнери

Baeckerei Gold
Evolution Design
Maneski Construction
PPC Concept
Swiss Keys Management SA
Velkov Importation

МК Партнери

cobi
dalvina
evolution-webdesign
kuli
lavinter

Бизнис Каталог