Македонското и европското млеко во трка за пазарот во ЕУ

Македонските фармери произведуваат само 20% од млекото според европските стандарди, односно такво што содржи помалку од сто илјади микроорганизми на еден милилитар. Во исто време производството на млеко и неговиот квалитет на фармите во Европската унија се надгледуваат од стручни земјоделски служби и надлежни лаборатории, затоа и 20% од млекото во овие фарми е со висок квалитет од прва класа

Одлуката на Европската унија од од оваа година на фармерите да им ги укине квотите за производство на млеко и така да ги зголемат годишните количини, а со тоа и залихите на млеко во прав и путер може, како што тврдат експертите, неповолно да влијае на производството на млеко на македонските фармери и на производството на млеко во регионот.

За да ја дочекаме подготвени конкуренцијата, доколку е можно, производителите на млеко треба што порано да го подобрат квалитетот на млекото.

Македонските фармери произведуваат само 20% од млекото според европските стандарди, односно такво што содржи помалку од сто илјади микроорганизми на еден милилитар. Такво млеко од прва класа во македонските фарми доаѓа само од големите фарми кои ги задоволуваат највисоките стандарди за квалитет на млеко.

Според податоците од Државниот завод за статистика за 2013 година најголемиот дел од кравјото млеко е произведено од индивидуалните фармери, на сметка на земјоделските комбинати, додека, пак, приносот по молзна крава е далеку поголем кај големите фарми отколку кај индивидуалните фармери. Минатата година крава одгледувана во модернизирана краварска фарма давала по 5.270 литри млеко годишно, додека кај индивидуален фармер, каде што условите за одгледување се полоши, годишниот принос по молзна крава изнесувал 3.266 литри сурово млеко.

Просечните откупни цени на кравјото млеко во 2013 година се повисоки за 3,82 денари за килограм или за околу 24% во споредба со 2010 година.

Просечно производство на кравјо млеко во последните четири години изнесува околу 354.000 тони млеко годишно, додека просечниот откуп на кравјо млеко во истиот период изнесува околу 125.000 тони или околу 35% од просечното годишно производство.

Во Македонија фармерите полека, но сигурно се подготвуваат за новиот начин на субвенционирање на млекото според квалитет, кој треба да почне да се годинава. Во согласност со Стратегијата за подобрување на квалитетот на млекото, од 2015 година оние фармери што ќе произведуваат млеко од прва класа со екстра квалитет ќе добијат четири денари за литар млеко предадено во млекарниците, додека за млеко од трета класа фармерите ќе може да добијат 2,5 денари за литар млеко, со услов да ги исполнат сите услови.

Во Стратегијата за подобрување и следење на квалитетот на млекото клучни параметри се расниот состав, исхраната, здравствената заштита и крмната база. Според експертите на оваа проблематика најмногу треба да работат малите фарми со од една до три крави, бидејќи тие не ги исполнуваат условите. Тие имаат период од 4 години да се прилагодуваат, а од 2015 година ќе бидат поттикнати со поголеми субвенции.

Клучни параметри при одредувањето на цената ќе бидат протеините и мастите чиј однос треба да е 60:40. Класите, пак, се формираат врз основа на присуството на микроорганизми и соматски клетки. Во согласност со европските стандарди, еден милилитар млеко треба да има максимум 100.000 бактерии и 400.000 соматски клетки, обезмастена сува материја најмалку 8,5% и 3% протеини.

Јетон Зекман, сопственик на фарма со околу 100 крави во Битолскиот регион, вели дека поголемите фармери нема да имаат проблем кога станува збор за постигнување на повисок квалитет на суровото млеко, но оние што чуваат една до две крави ќе треба да инвестираат дополнително во своите фарми и во условите во кои се одгледуваат кравите. Тој потенцира дека овој процес е веќе започнат во Пелагонискиот регион, најголемиот производител на млеко во Македонија.

- Големите фарми нема да имаат проблем со достигнување на повисок квалитет на млекото, бидејќи поголем дел од нив веќе исполнуваат услови за прва и втора класа на млеко, додека малите фармери ќе треба да инвестираат во подигнување на квалитетот на млекото, потенцира Зекман.

Во исто време производството на млеко и неговиот квалитет на фармите во Европската унија се надгледуваат од стручни земјоделски служби и надлежни лаборатории, затоа и 20% од млекото во овие фарми е со висок квалитет од прва класа.

Просечното годишно производство на млеко по крава во Европската унија изнесува околу шест илјади литри млеко.

Златко Најдовски, генерален менаџер на Бимилк, вели дека укинувањето на квотите за производство на млеко во земјите-членки во Европската унија од 2015 година ќе биде потенцијален проблем за сите земји во регионот. Ова, секако, ќе се почувствува и на македонскиот пазар, но не веднаш, туку по неколку месеци.

- Кога ќе се укинат квотите, поголемо производство може да се очекува во Германија и Холандија, а тоа млеко ќе стигне и до Балканот дури во втората половина на следната година. Не очекувам дестабилизација на цените, бидејќи ЕУ ќе интервенира ако има поголем дисбаланс на пазарот и ќе се стабилизира, објаснува Најдовски.

Сопственикот на млекарницата Здравје Радово, Јован Дабевски, вели дека ако Македонија е земја-кандидат за членство во Европската унија и се залага за слободен пазар ова одлука е позитивна.

- Кога ќе станеме земја-членка, пазарот ќе биде целосно отворен и за нас. Укинувањето на квотите за некој ќе биде минус, за некои земји ќе биде плус. За нас како преработувачки капацитет е позитивна одлука за пазарот. Ако земеме да анализираме, во изминатите 10 до 20 години имаше многу турбуленции и за цените и за количините, но на крај пазарот е тој што регулира, потенцира Дабевски и додава дека Здравје Радово е за пазарна економија и за отворен пазар без квоти кој ќе утврдува колкава количина по која цена на кој пазар е потребна и издржлива.

Сега пазарот на млеко во ЕУ е регулирано со систем на квоти каде што секоја земја-членка има национална квота за производство која ја дистрибуира до земјоделците. Секогаш кога една земја-членка ги надминува своите квоти за производство на млеко, таа мора да плати казна (таканаречена „супер данок") на ЕУ.

Но, на почетокот на 2009 година Унијата одлучи да направи реформа во земјоделскиот сектор, пред се во делот на производство на млеко, според која квотите во сите земји-членки секоја година ќе се зголемуваат за 1% до нивно целосно укинување. На тој начин производителите на млеко ќе можат полесно да се прилагодат на пазарните услови кои ќе почнат да се применуваат од 2015 година кога пазарот ќе биде целосно либерализиран.

Извор: 

Swiss News

Erfolgreicher Austria Showcase Bau und Infrastruktur in Skopje
IMAGE Sieben österreichische Unternehmen präsentierten sich vorTransportminister und Baufirmen Am 5. November 2014 organisierte das AußenwirtschaftsCenterSkopje einen durch die Internationalisierungsoffensive desÖsterreichischen Wirtschaftsministeriums finanzierten Showcase zuBau & Infrastruktur in Mazedonien. Austria Showcase Bau und Infrastruktur in SkopjeSieben österreichische Firmen (u.a. Thales, Voith, Delta Bloc,Terra-Mix) präsentierten sich vor allen relevanten mazedonischenPlayern dieser Branche wie dem Transportminister, dem Direktorder mazedonischen „Asfinag“ sowie den größten Bauunternehmen.Das Thema wird in Mazedonien auch in Zukunft aufgrund vonEBRD-Krediten und IPA... Read More...
Bau von Pflegeheimen und Kindergärten in Mazedonien
IMAGE Regierung bietet Förderungen - auch für Auslandsinvestoren Die mazedonische Regierung fördert den Bau von Alterspflegeheimenund Kindergärten. 35 neue Lokationen sind für den Bau vonPflegeheime identifiziert worden, 55 Objekte sollen erneuertwerden. Für den Bau von neuen Kindergärten stehen 23 Lokationenzur Verfügung.Der Grundstückspreis wird für 1 Euro/m2 angeboten, dieReduzierung der kommunalen Gebühren und Abgaben beträgt 95 %.Auch ausländische Unternehmen können in diesen Bereicheninvestieren. Mehr... Read More...
Schweizer unterliegen Mazedonien deutlich
IMAGE Für die Schweizer Handballer verläuft der Auftakt zur EM-Ausscheidung unbefriedigend. In Mazedonien bezieht die SHV-Auswahl eine 20:27-Niederlage.(si) Die international ins untere Tableau abgerutschte Equipe von Rolf Brack erfüllte zumindest während der ersten 34 Minuten die Erwartungen. Als Roman Sidorowicz das 11:12 markierte, zeichnete sich ein überraschend gutes Ergebnis ab. Dann unterliefen dem Aussenseiter aber zu viele «unforced errors», derweil der EM-Fünfte von 2012 die Schlagzahl nochmals spürbar erhöhte und innerhalb weniger Minute die Zäsur erzwang. Am Ende war die Differenz sogar deutlicher als bei den Niederlagen gegen die Balkan-Equipe in der letzten missratenen... Read More...
Griechenland und Mazedonien streiten vor UN um Staatsnamen
IMAGE NEW YORK (awp international) - Griechenland und das kleine Mazedonien werden ihren Namensstreit jetzt auf höchster Ebene austragen. Der Sondergesandte von UN-Generalsekretär Ban Ki Moon, Matthew Nimetz, will die Vertreter beider Länder nächste Woche in New York erst einzeln und dann gemeinsam empfangen, teilten die Vereinten Nationen am Mittwoch mit. «Ziel ist es, durch unsere Vermittlung eine beiderseits akzeptable Lösung der »Namenssache« zu finden», sagte Nimetz. Griechenland stört sich seit Jahrzehnten an dem Namen «Mazedonien» der einstigen jugoslawischen Teilrepublik, weil die Region - nach Darstellung Athens - kaum etwas gemein habe mit dem antiken Mazedonien, Heimat von... Read More...
Das letzte Refugium des Balkan-Luchses
IMAGE Die Stauung von Gebirgsflüssen im Nationalpark Mavrovo bedroht eine herrliche Landschaft und ihre natürlichen Bewohner. Aber auch die einheimischen Naturschützer werden von den Behörden unter Druck gesetzt.Das Besucherzentrum des Mavrovo-Nationalparks ist ein hübsches Blockhaus. Durch die Büsche am Strassenrand glitzert der See. Ein freundlicher Parkwächter sitzt zwischen geschnitzten Souvenirs und Wanderkarten. Doch an diesem Morgen läuft alles schief. Der Parkwächter ist nervös. Er schwitzt und telefoniert und verschwindet schliesslich im ersten Stock. Ratlos bleibt die kleine Besuchergruppe aus Journalisten und Naturschützern zurück, die eine anderthalbstündige Fahrt hinauf... Read More...

Види новости

Се издава стан во Струмица

Се издава комплетно наместен стан во Струмица.

Повеќе инфо...

Пребарувај

Пријави настан

Пријавете ги бесплатно вашите актуелни настани кои се од интерес на македонците во Швајцарија.
Пријави настан

CH Партнери

Baeckerei Gold
Evolution Design
Maneski Construction
PPC Concept
Swiss Keys Management SA
Velkov Importation

МК Партнери

cobi
dalvina
evolution-webdesign
kuli
lavinter

Бизнис Каталог