Брисел посилно ќе контролира како владата ги троши нивните пари

Цели 664, 2 милиони евра европски пари ќе и бидат достапни на Македонија во следните 6 години. Капитал ви презентира во кои сектори ќе бидат тие наменети, каде досега беа клучните проблеми во користењето на парите, но и кои се новите измени на регулативата за да се дојде до овие средства кои ЕУ ги наметнува за да се намалат ваквите проблеми
Со стартот на ИПА 2 Програмата (Инструментот за претпристапна помош), Европската Унија и дава 664,2 милиони евра на Македонија, пари коишто државава ќе може да ги искористи во следниот седумгодишен период.

Секторите од приоритетност и првичната распределба на средства е утврдена во индикативниот Национален стратешки документ за Република Македонија, кој што е формално усвоен од Европската комисија на 19 август годинава, а којшто преставува широка рамка според која што ќе се насочува планирањето на помошта.

Дополнително кон помошта предвидена за седумте сектори споменати претходно, Македонија ќе продолжи да ги користи и средствата наменети за регионални проекти. Истото ќе се реализира во рамки на програмите за Регионална и територијална соработка или она што на пошироката јавност е познато како програми за преку-гранична соработка.

Сето ова звучи одлично кога е кажано од европските дипломати во земјава, дополнето со ветувања од македонските власти дека мошне сериозно ќе се пристапи во искористувањето на овие пари и во подготовката на проектите со кои ќе се аплицира за истите. Но, имајќи ги предвид слабостите од имплементацијата на претходната ИПА Програма (ИПА1), Капитал анализира – кои се клучните проблеми кои ги јавува македонската администрација при користењето на овие пари и зошто секоја година остануваат непотрошени (а со тоа заминуваат во ветар) се повеќе европски пари.

Орав: Нас ни е битно да имаме видливост како се трошат парите
На денот на потпишувањето на финансиската спогодба за новата ИПА, министерот за европски интеграции Фатмир Бесими истакна дека новиот седумгодишен стратешки документ за планирање и спроведување на помошта што Европската унија ја доделува на Македонија е цврст доказ дека партнерството меѓу нашата земја и Европската унија е на стабилни нозе:

„Во досегашниот период со ИПА 2007 до 2013 година, од 614,5 милиони евра, има потпишано финансиски спогодби за 565,9 милиони евра, додека има склучено договори во износ од 249,6 милиони евра досега и тоа се 829 договори потпишани во рамките на актуелната ИПА“, вели тој.

Во своето обраќање, евроамбасадорот Аиво Орав пак изјави дека партнерството е силно и дека Европската унија верува дека Македонија еден ден ќе биде член на Унијата.

„Ова е причината зошто ние се ангажираме во вашата земја и на ваков начин ѝ даваме помош во вакви размери. Политиката за проширување на Европската унија е една од најуспешните политики на Унијата и сигурен сум дека така ќе биде и натаму. Она што е важно за ИПА два е што таа е во согласност со потребите на земјата. Исто така транспарентноста и отчетноста на трошењето на парите ќе им помогне на граѓаните да бидат подобро информирани. Од наша страна најважно е да има добра видливост на тоа што се прави со парите и да сме сигурни дека тоа се добро потрошни средства“, рече Орав.

Министерствата полни со вработени, празни со стручњаци – нема кој да напише проект
Сепак, вицепремиерот Бесими не сакаше да даде конкретни податоци за тоа колку од средствата од претходната програма на ИПА останале неискористени.

„Не би сакал сега да ги дадам бројките што ги имаме, тоа ќе го оставам за денот во јануари 2015 кога заедно ќе ги презентираме бројките за апсорпција на средствата“, вели Бесими.

Но, во поглавјето 22 од овогодинешниот Извештај на Европската комисија за напредокот на Македонија стои дека само лани земјава успеала да изгуби 21 милион евра од ИПА, што заедно со претходно неискористените 15,5 милиони се вкупно 36,5 милиони евра неискористени пари. Од Мисијата на ЕУ во Скопје за Капитал велат дека сумата е навистина голема, а причините за ваквите резултати тие ги адресираат на неколку места.

„Има сериозен проблем со ненавремена идентификација на проектите. Многу се доцни. Понекогаш чекаме и по три години за да добиеме апликација за проект, да се подготви тендерска документација и да се стави истиот на пазар за да контрактира. Тоа значи дека постои лошо планирање во рамките на самите министерства, а често пати и кога ќе добиеме проект тој е лошо сработен, што значи дека недостасува и стручност во тимовите што го работеле. Не се согласувам дека нема доволно луѓе во министерствата кои може да работат на ова, оти знаеме добро колку вработени има. Луѓе има, нема стручњаци, оти тие кои знаат се тргнати на страна од политички или икс причини, а тие кои работат не се доволно обучени“ велат од Мисијата за Капитал.

Како друг проблем, тие ја посочуваат некооперативноста на банките:

„Најслаба искористеност на овие пари има кај земјоделците. Тоа е за очекување имајќи предвид дека нашите процедури не се едноставни, особено не а македонскиот земјоделец, но и тука државата може да се вклучи преку кампањи, обуки, информирање и едукација. Тоа може да го прават подрачните министерства. Процедурите се исти и за земјоделецот во Шпанија, Франција, Полска и кај нас, но очигледно тука треба повеќе работа. Од друга страна, оти овој систем, функционира така што земјоделецот прво треба да даде пари од свој џеб за проектот, па потоа да чека да му бидат истите рефинансирани, тука клучна улога имаат и банките. А тие во Македонија немаат сенс и не се коопертивни, па не ги следат земјоделците во нивните намени. Пак државата може да интервенира – ете ја Македонската банка за обнова и развој, којашто може да се јави како гаранција“ велат од ЕУ.

И од опозициската СДСМ велат дека најмногу оштетени се земјоделците.

„Европската комисија практично лани донела одлука 18 милиони евра да ги земе од земјоделците и да ги префрли во прва компонента за градење капацитети и од прва компонента да склучи договор со Светска банка тие пари да одат во градење на капацитети и на инфраструктурни проекти на општините, со други зборови тие 18 милиони евра не се изгубени, ама се изгубени за земјоделците“, вели Лидија Димова од СДСМ.

Таа посочува дека секторскиот пристап во стратегијата ИПА два значи дека Владата ќе мора да создаде таканаречени среднорочни буџети, а се додека тоа не се случи сите проекти и парите ќе бидат под директна контрола на Европската комисија.

„Секторскиот приод практично ви кажува дека сè додека државата не се освести и не ги прави овие среднорочни буџети во овие сектори, парите ќе ги работи Европската комисија. Практично го става под знак прашалник сиот оној труд кој беше вложен во изминатите седум години за изградба на институциите за децентрализирано управување со парите, само за да не биде транспарентно работењето во делот на Министерството за финансии“, вели таа.

Таму кај што Владата не дава пари, нема веќе да дава ниту Брисел
Покрај тоа што и самиот евроамбасадор Орав истакна дека за Брисел е битно да има увид како Македонија ќе ги троши парите и дали истите ќе бидат соодветно искористени, од Мисијата на ЕУ во Скопје, дополнуваат дека измените во мониторингот се на неколку нивоа. Првата ревизија е закажана за 2017-та година, рок до кога Македонија ќе мора да покаже резултати, а од ЕУ најавуваат дека контролата ќе биде засилена, ако има неуспех нема да се простува и дека парите коишто нема да се искористат веднаш ќе бидат повлечени.

„Тешко дека ќе има простор за злоупотреба, ние секогаш присуствуваме на тендерите и внимаваме на процедурите. Но, сега со ИПА 2 се воведуваат неколку измени. Прво, веќе нема да даваме пари во сектори коишто не се приоритет за самата Влада. На пример, мерните станици за следење на загадувањето на воздухот се наша инвестиција. Очигледно тоа за Владата воопшто не беше приоритет, па две години додека ние ги сервисиравме беше ок, потоа пропаднаа. Не работат веќе. Велат немале реагенси. Тоа за нас се значи фрлени пари. Затоа сега овие пари ќе бидат наменети само за сектори за кои веќе и самата Влада има предвидено пари со Буџетот. Немаме намера да пополнуваме дупки и да даваме пари за нешта кои очигледно Владата смета дека не се битни“.

Во врска со успешноста на поединечни министерства, од ЕУ наведуваат дека секогаш има ѕвезди – министерства коишто се доста успешни (тука го споменуваат Министерството за информатичко општество и администрација како и Царинската управа), но и такви кои потфрлаат (Министерството за економија).

Нашите извори велат дека се прилично задоволни од министерот Бесими:

„Од кога дојде тој се гледа една поголема ажурност. Тој секоја недела свикува координативни состаноци со сите министерства надлежни за оваа проблематика и ги ативира. Ги прашува до каде се, ги поттикнува и убрзува“ велат тие.

Пет стратешки обврски за македонската Влада во текот на четиригодишната Програма (2014-2018):
Да се зголеми економскиот раст и вработеноста
Да се интегрира земјата во ЕУ и во НАТО
Да се спроведе борба против корупцијата и криминалот, а законите да се спроведуваат ефикасно
Да се одржат добри меѓуетнички односи базирани на принципите на взаемна толеранција и почитување и имплементација на Охридскиот рамковен договор
Да се инвестира во образованието, науката и информатичката технологија

Извор: 

Swiss News

Erfolgreicher Austria Showcase Bau und Infrastruktur in Skopje
IMAGE Sieben österreichische Unternehmen präsentierten sich vorTransportminister und Baufirmen Am 5. November 2014 organisierte das AußenwirtschaftsCenterSkopje einen durch die Internationalisierungsoffensive desÖsterreichischen Wirtschaftsministeriums finanzierten Showcase zuBau & Infrastruktur in Mazedonien. Austria Showcase Bau und Infrastruktur in SkopjeSieben österreichische Firmen (u.a. Thales, Voith, Delta Bloc,Terra-Mix) präsentierten sich vor allen relevanten mazedonischenPlayern dieser Branche wie dem Transportminister, dem Direktorder mazedonischen „Asfinag“ sowie den größten Bauunternehmen.Das Thema wird in Mazedonien auch in Zukunft aufgrund vonEBRD-Krediten und IPA... Read More...
Bau von Pflegeheimen und Kindergärten in Mazedonien
IMAGE Regierung bietet Förderungen - auch für Auslandsinvestoren Die mazedonische Regierung fördert den Bau von Alterspflegeheimenund Kindergärten. 35 neue Lokationen sind für den Bau vonPflegeheime identifiziert worden, 55 Objekte sollen erneuertwerden. Für den Bau von neuen Kindergärten stehen 23 Lokationenzur Verfügung.Der Grundstückspreis wird für 1 Euro/m2 angeboten, dieReduzierung der kommunalen Gebühren und Abgaben beträgt 95 %.Auch ausländische Unternehmen können in diesen Bereicheninvestieren. Mehr... Read More...
Schweizer unterliegen Mazedonien deutlich
IMAGE Für die Schweizer Handballer verläuft der Auftakt zur EM-Ausscheidung unbefriedigend. In Mazedonien bezieht die SHV-Auswahl eine 20:27-Niederlage.(si) Die international ins untere Tableau abgerutschte Equipe von Rolf Brack erfüllte zumindest während der ersten 34 Minuten die Erwartungen. Als Roman Sidorowicz das 11:12 markierte, zeichnete sich ein überraschend gutes Ergebnis ab. Dann unterliefen dem Aussenseiter aber zu viele «unforced errors», derweil der EM-Fünfte von 2012 die Schlagzahl nochmals spürbar erhöhte und innerhalb weniger Minute die Zäsur erzwang. Am Ende war die Differenz sogar deutlicher als bei den Niederlagen gegen die Balkan-Equipe in der letzten missratenen... Read More...
Griechenland und Mazedonien streiten vor UN um Staatsnamen
IMAGE NEW YORK (awp international) - Griechenland und das kleine Mazedonien werden ihren Namensstreit jetzt auf höchster Ebene austragen. Der Sondergesandte von UN-Generalsekretär Ban Ki Moon, Matthew Nimetz, will die Vertreter beider Länder nächste Woche in New York erst einzeln und dann gemeinsam empfangen, teilten die Vereinten Nationen am Mittwoch mit. «Ziel ist es, durch unsere Vermittlung eine beiderseits akzeptable Lösung der »Namenssache« zu finden», sagte Nimetz. Griechenland stört sich seit Jahrzehnten an dem Namen «Mazedonien» der einstigen jugoslawischen Teilrepublik, weil die Region - nach Darstellung Athens - kaum etwas gemein habe mit dem antiken Mazedonien, Heimat von... Read More...
Das letzte Refugium des Balkan-Luchses
IMAGE Die Stauung von Gebirgsflüssen im Nationalpark Mavrovo bedroht eine herrliche Landschaft und ihre natürlichen Bewohner. Aber auch die einheimischen Naturschützer werden von den Behörden unter Druck gesetzt.Das Besucherzentrum des Mavrovo-Nationalparks ist ein hübsches Blockhaus. Durch die Büsche am Strassenrand glitzert der See. Ein freundlicher Parkwächter sitzt zwischen geschnitzten Souvenirs und Wanderkarten. Doch an diesem Morgen läuft alles schief. Der Parkwächter ist nervös. Er schwitzt und telefoniert und verschwindet schliesslich im ersten Stock. Ratlos bleibt die kleine Besuchergruppe aus Journalisten und Naturschützern zurück, die eine anderthalbstündige Fahrt hinauf... Read More...

Види новости

Се издава стан во Струмица

Се издава комплетно наместен стан во Струмица.

Повеќе инфо...

Пребарувај

Пријави настан

Пријавете ги бесплатно вашите актуелни настани кои се од интерес на македонците во Швајцарија.
Пријави настан

CH Партнери

Baeckerei Gold
Evolution Design
Maneski Construction
PPC Concept
Swiss Keys Management SA
Velkov Importation

МК Партнери

cobi
dalvina
evolution-webdesign
kuli
lavinter

Бизнис Каталог