Половична модернизација на патарините во Р. Македонија

Електронски или на рака: во Македонија наскоро ќе има два система за наплата на патарината. Првата опција е резервирана само за возење по „Александар Македонски“. За „Мајка Тереза“ засега останува по старо.

Системот за наплата на патарина во Македонија ќе се модернизира, но само половично. Четири години по првичната најава, избрана е фирма што за година и половина треба да изгради целосен електронски систем на наплата, но само на Коридорот 10. Делот од Скопје до Гостивар пак останува по старо, односно со директна наплата од страна на вработените инкасанти во Агенцијата за државни патишта. Планот за модернизација на системот за наплата на патарината на овој дел од Коридорот 8, како што дознава Дојче веле, би го развивал евентуален приватен партнер. Државата, според информациите, засега не инвестира во модернизација на системот на четирите наплатни станици на овој потег во очекување на огласот за изградба на автопат од Гостивар кон Кичево. Јавниот повик за наоѓање концесионер според најавите треба да се очекува најдоцна до февруари догодина. Потенцијалниот инвеститор кој би ја изградил оваа делница, според планот би управувал со неа во наредните триесетина години, би наплаќал и патарини а потоа ќе ја префрли сопственоста на државата. Една од опциите е на приватниот партнер да му се додели управувањето со целата автопатска делница од Скопје до Охрид заедно со делот од Кичево до Охрид, чија изградба е во тек. Од Агенцијата за државни патишта засега не коментираат ништо околу плановите за патарините на автопатот кон Гостивар. „Засега нема планови за развој на нов систем, што не значи дека тоа нема да се случи во иднина. Во моментов сме фокусирани на модернизацијата на наплатните станици на Коридорот 10“, велат за Дојче веле од Агенцијата за државни патишта под чија надлежност е работата на патарините.

Кои се мотивите
Но зошто само половично се оди со модернизација на системот на патарини, односно целосно се исклучува човечкиот фактор при наплата, што освен ефикасноста во услугите треба да донесе и ефикасност во собирањето пари, односно сведување на минимум на злоупотребите што се случуваа во минатото, а неретко и сега? Дали мотивите се од финансиска или друга природа? Надлежните официјално коментираат дека станува збор за реализација на утврдена програма со која засега е предвидена само оваа фаза. Дел од експертите пак, кои ги консултираше Дојче веле, реагираат дека непотребно се „штеди“, односно сметаат дека е потребно закокружување на целиот систем: „Нема многу логика да се гради целосно нов систем за еден дел од државата, а за другиот да остане по старо.

Дотолку повеќе што целиот систем го контролира и управува државната агенција која сега ќе треба да менаџира два начина на наплата, што е малку чудно. Не знам кои се вистинските мотиви, но ако се оди по логиката на ефикасност на целиот процес, тогаш сметам дека мора што е можно поскоро да се направи истото и на западната траса, без разлика дали и кој ќе гради таму автопати. Прашањето дали ни се потребни толку наплатни куќички е друг проблем. Лично сметам дека нема потреба за такво нешто со оглед на кратките растојанија помеѓу нив, што само создава нервоза кај возачите“, коментира за Дојче веле универзитетски професор. експерт од сообраќајната област.
Избегнувањето на директната наплата, според дел од експертите, сепак има и позитивни страни:

„Досегашниот начин на наплата на патарина не си ја врши својата функција. Директната наплата на патарина што се применува кај нас, создава одредени дополнителни трошоци: запирање, свртување за паркирање на наплатна рампа, продолжено време на патување, па затоа дел од овие трошоци ги сноси и самата општествена заедница (државата). Директната наплата на патарина предизвикува тешкотии во безбедноста на сообраќајот, деградација на човековата околина, како и зголемување на одредени инвестиции во одржувањето на патиштата. Воведувањето на електронскиот начин на плаќање би претставувало решение коешто ќе доведе до намалување на секаков вид ризик кој постои со сегашниот систем на наплата, како од безбедносна, така и од здравствена природа“, смета Кристи Бомбол, професор од универзитетот во Битола.
Брз проток на возила
Во очекување на решение за делот од Коридорот 8, државата веќе склучи договор со турската компанија Аселсан, која во наредните 18 месеци ќе врши изградба и модернизација на патарините на Коридорот 10; „Во периодот од 18 месеци по потпишувањето на Договорот, изведувачот треба да го изграади и стави во функција новиот систем за електронска наплата на патарините, а тој вклучува електронска наплата на патната такса што ќе се извршува преку микробранови транспондери и со смарт картички. Смарт картичките по можност ќе бидат припејд и постпејд, а истите ќе се продаваат во кабините на наплатните станици. Во втора фаза тие ќе се продаваат во сите малопродажни места како што се бензински станици и други места. Електронскиот систем ќе врши категоризација на возилата. Вредноста на целата инвестиција е 18,7 милиони евра со вклучен ДДВ од кои 15 милиони евра се средства обезбедени од ЕБОР, а останатите од Р. Македонија. Со ова ќе се овозможи брз проток на возила низ патарините, ќе се исклучи човековиот фактор, плаќањето во кеш нема да е дозволено и ќе се избегне можноста за неплаќање на патната такса“, изјави за Дојче веле Кире Коцевски, портпарол на Министерството за транспорт и врски.
Според планот, наплатните станици Романовце и Градско ќе бидат со нови локации, односно ќе се дислоцираат за неколку стотини метри поради зголемување на бројот на ленти за наплата, како и поради изградба на новиот експресен пат Градско – Прилеп. Освен кај Петровец на сите наплатни места ќе се зголеми и бројот на сообраќајните ленти. Кај Романовце и Градско двојно, од постојните 5 на 10, кај Сопот и Отовица од 4 на 5. Со реконструкцијата на патарините, според надлежните, повеќе нема да има тесни грла на наплатните станици, што се јавуваше посебно во летниот период кога обемот на сообраќај е неколкукратно зголемен.

Извор: 

Swiss News

Erfolgreicher Austria Showcase Bau und Infrastruktur in Skopje
IMAGE Sieben österreichische Unternehmen präsentierten sich vorTransportminister und Baufirmen Am 5. November 2014 organisierte das AußenwirtschaftsCenterSkopje einen durch die Internationalisierungsoffensive desÖsterreichischen Wirtschaftsministeriums finanzierten Showcase zuBau & Infrastruktur in Mazedonien. Austria Showcase Bau und Infrastruktur in SkopjeSieben österreichische Firmen (u.a. Thales, Voith, Delta Bloc,Terra-Mix) präsentierten sich vor allen relevanten mazedonischenPlayern dieser Branche wie dem Transportminister, dem Direktorder mazedonischen „Asfinag“ sowie den größten Bauunternehmen.Das Thema wird in Mazedonien auch in Zukunft aufgrund vonEBRD-Krediten und IPA... Read More...
Bau von Pflegeheimen und Kindergärten in Mazedonien
IMAGE Regierung bietet Förderungen - auch für Auslandsinvestoren Die mazedonische Regierung fördert den Bau von Alterspflegeheimenund Kindergärten. 35 neue Lokationen sind für den Bau vonPflegeheime identifiziert worden, 55 Objekte sollen erneuertwerden. Für den Bau von neuen Kindergärten stehen 23 Lokationenzur Verfügung.Der Grundstückspreis wird für 1 Euro/m2 angeboten, dieReduzierung der kommunalen Gebühren und Abgaben beträgt 95 %.Auch ausländische Unternehmen können in diesen Bereicheninvestieren. Mehr... Read More...
Schweizer unterliegen Mazedonien deutlich
IMAGE Für die Schweizer Handballer verläuft der Auftakt zur EM-Ausscheidung unbefriedigend. In Mazedonien bezieht die SHV-Auswahl eine 20:27-Niederlage.(si) Die international ins untere Tableau abgerutschte Equipe von Rolf Brack erfüllte zumindest während der ersten 34 Minuten die Erwartungen. Als Roman Sidorowicz das 11:12 markierte, zeichnete sich ein überraschend gutes Ergebnis ab. Dann unterliefen dem Aussenseiter aber zu viele «unforced errors», derweil der EM-Fünfte von 2012 die Schlagzahl nochmals spürbar erhöhte und innerhalb weniger Minute die Zäsur erzwang. Am Ende war die Differenz sogar deutlicher als bei den Niederlagen gegen die Balkan-Equipe in der letzten missratenen... Read More...
Griechenland und Mazedonien streiten vor UN um Staatsnamen
IMAGE NEW YORK (awp international) - Griechenland und das kleine Mazedonien werden ihren Namensstreit jetzt auf höchster Ebene austragen. Der Sondergesandte von UN-Generalsekretär Ban Ki Moon, Matthew Nimetz, will die Vertreter beider Länder nächste Woche in New York erst einzeln und dann gemeinsam empfangen, teilten die Vereinten Nationen am Mittwoch mit. «Ziel ist es, durch unsere Vermittlung eine beiderseits akzeptable Lösung der »Namenssache« zu finden», sagte Nimetz. Griechenland stört sich seit Jahrzehnten an dem Namen «Mazedonien» der einstigen jugoslawischen Teilrepublik, weil die Region - nach Darstellung Athens - kaum etwas gemein habe mit dem antiken Mazedonien, Heimat von... Read More...
Das letzte Refugium des Balkan-Luchses
IMAGE Die Stauung von Gebirgsflüssen im Nationalpark Mavrovo bedroht eine herrliche Landschaft und ihre natürlichen Bewohner. Aber auch die einheimischen Naturschützer werden von den Behörden unter Druck gesetzt.Das Besucherzentrum des Mavrovo-Nationalparks ist ein hübsches Blockhaus. Durch die Büsche am Strassenrand glitzert der See. Ein freundlicher Parkwächter sitzt zwischen geschnitzten Souvenirs und Wanderkarten. Doch an diesem Morgen läuft alles schief. Der Parkwächter ist nervös. Er schwitzt und telefoniert und verschwindet schliesslich im ersten Stock. Ratlos bleibt die kleine Besuchergruppe aus Journalisten und Naturschützern zurück, die eine anderthalbstündige Fahrt hinauf... Read More...

Види новости

Се издава стан во Струмица

Се издава комплетно наместен стан во Струмица.

Повеќе инфо...

Пребарувај

Пријави настан

Пријавете ги бесплатно вашите актуелни настани кои се од интерес на македонците во Швајцарија.
Пријави настан

CH Партнери

Baeckerei Gold
Evolution Design
Maneski Construction
PPC Concept
Swiss Keys Management SA
Velkov Importation

МК Партнери

cobi
dalvina
evolution-webdesign
kuli
lavinter

Бизнис Каталог