ЕУ брои загуби, Македонија, Србија и Турција ќе се офајдат од руските санкции

Македонија во Русија извезува најмногу овошје, зеленчук и вино, а од индустриските производи лекови, фероцилициум, делови и прибор за моторни возила, за каросерии, како што се сигурносните појаси, огноотпорен цемент, тули, керамички плочки...Од зеленчукот најзастапени се белата и црвената зелка, јаболка, праски, домати, цреши, вишни, сливи и пиперки

Иако Македонија нема договор со Русија за слободна трговија, сепак во актуелниот момент кога Русија воведе санкции кон земјите од ЕУ, Норвешка, САД и Австралија македонските компании можат да го зголемат извозот кон оваа земја и со тоа да го зголемат профитот. Официјална Москва го забрани увозот на прехранбени производи од Запад, како одговор на европските и американските санкции за Русија поради украинската криза.

И додека едни бројат штети, како што покажуваат анализите, други како Турција, Бразил, Чиле, но и соседна Србија може да искористат од руското ембарго. Како што велат добрите менаџери кога е тесно се ќарува, особено што статистиката потврдува дека според вкупниот обем на надворешно трговската размена Русија за Македонија е петти трговски партнер по Германија, Србија, Грција и Бугарија.

Македонија во Русија извезува најмногу овошје, зеленчук и вино, а од индустриските производи лекови, фероцилициум, делови и прибор за моторни возила, за каросерии, како што се сигурносните појаси, огноотпорен цемент, тули, керамички плочки...Од зеленчукот најзастапени се белата и црвената зелка, јаболка, праски, домати, цреши, вишни, сливи и пиперки. Годишно во Русија се извезуваат до 300.000 тони земјоделски производи

Од земјите во регионот само Србија има потпишано договор за слободна трговија со Русија и токму затоа разбирливи се пишувањата на српските медиуми каде се вели дека се плашат од Македонија и Бугарија кои им се директни конкуренти кај извозот на овошјето и зеленчукот. Министерот за економија на Србија, Расим Љајиќ предупреди дека не треба да се дозволи конкуренцијата да влијае на српскиот извоз кон Русија, особено што се најавува дека од Македонија ќе се зголеми извозот на јаболки. Тој потенцира дека странци можат да основаат фирма во Србија и да извезуваат за Русија, но стоката задолжително да биде произведена во Србија

- Мораме да го спречиме препакувањето на стоката, фалсификувањето и реекспортот, но притоа и да се исполнат сите санитарни услови, хигиенски, здравствени - смета Љајиќ.

Деновиве претседателот на Управата на словенечката компанија Перутнина Птуј, Роман Гласер изјави за медиумите дека нивната компанија се подготвува на рускиот пазар да извезува со посредство на фирми во БиХ и Србија. Перутнина Птуј во Русија извезува помала количина на месо, а моментално уште не е позната промената во пазарните текови.

-Вистина е дека ембаргото може да има влијание на нашите идни деловни планови во оваа земја во која сме во завршни разговори за некои поголеми извозни дејности - кажал Гласер за љубљански „Дневник#.

Европа на стартот трпи штети од 400 милиони евра

Додека на Балканот се прават пресметки за зголемување на извозот, како и во Турција, Бразил, Чиле, во европските метрополи ги пресметуваат трошоците и загубите што ќе ги претрпат, откако Русија воведе санкции и го забрани увоз на месо, риба, млеко, млечни и земјоделски производи од 28 земји членки на ЕУ. Според германскиот експерт Стефан Билмаер, Јужна Европа ќе биде најмногу погодена особено Шпанија, Грција и Полска. Според него околу 43 отсто од потребите на храна, Русија ги задоволува со увоз, а тоа е 50 отсто од млечните производи, 65 отсто од овошјето и зеленчук и нешто над половина од потребите од свинско и говедско месо. Од земјите-членки на ЕУ тоа е скоро 10 отсто од увозот, кој лани изнесувал 11,8 милијарди евра.

Токму затоа Европската комисија се подготвува за вонреден состанок на министрите за земјоделство, со единствена цел проценка на штетите како и можното обесштетување на европските земјоделци.

За европскиот комесар за трговија Карел де Гухт санкциите што ги воведува Русија за увоз на земјоделски производи од ЕУ, ќе предизвикаат потешкотии во аграрот во државите од Унијата, а тоа ќе ги чини 400 милиони евра. Според него, оваа „горчлива пилула# може да биде ублажена благодарение на Европскиот фонд за солидарност. Тој укажа дека во ЕУ постои специјален фонд за случај земјоделски производи да не може да бидат продадени од политички причини.

Полска ќе ја тужи Русија во СТО

Полска ќе ја тужи Русија во СТО поради ембаргото на увоз на полски јаболки и друго овошје и зеленчук, што произлезе од забраната на увоз на стока на една година од ЕУ. Одлуката на руските власти за ембаргото предвидено е да се применува од 1 август годинава.

Според, полскиот министер за земјоделство Марек Савицки, Русија и кога се работи за ембаргото против Полска и против ЕУ, ги прекршила сите норми на меѓународното право.

- Не можевме порано да реагираме, иако имавме информации од медиумите. Тоа го сторивме дури кон крајот на првата недела од август кога пристигна првото официјално писмо од Русија - посочил Савицки.

Грција и Франција бројат загуби

Загубите на грчките производители кои ќе бидат погодени од руското ембарго ќе им бидат компензирани. Ова деновиве го соопштило грчкото Министерство за надворешни работи, според кои нивните производители ќе имаат целосна поддршка од државата. Тоа значи дека во соработка со министерствата за развој и рурален развој, ќе преземе серија мерки за да се намали колку што е можно влијанието на руското ембарго врз увозот на свежи грчки земјоделски производи.

Според пресметките Грција би можеле да загуби речиси 180 милиони евра доколку Русија ја спроведе едногодишната забрана за увоз на храна од Европската унија.

И Франција ќе побара од ЕК надомест поради руското ембарго. Според претседателот на најголемиот синдикат на француските земјоделци и сточари - ФНСЕА, Ксавие Белан, „Франција ќе побара мерки за раководење со кризата, воглавно за овошјето и зеленчукот исто како и за месото“.

Извор: 

Swiss News

Erfolgreicher Austria Showcase Bau und Infrastruktur in Skopje
IMAGE Sieben österreichische Unternehmen präsentierten sich vorTransportminister und Baufirmen Am 5. November 2014 organisierte das AußenwirtschaftsCenterSkopje einen durch die Internationalisierungsoffensive desÖsterreichischen Wirtschaftsministeriums finanzierten Showcase zuBau & Infrastruktur in Mazedonien. Austria Showcase Bau und Infrastruktur in SkopjeSieben österreichische Firmen (u.a. Thales, Voith, Delta Bloc,Terra-Mix) präsentierten sich vor allen relevanten mazedonischenPlayern dieser Branche wie dem Transportminister, dem Direktorder mazedonischen „Asfinag“ sowie den größten Bauunternehmen.Das Thema wird in Mazedonien auch in Zukunft aufgrund vonEBRD-Krediten und IPA... Read More...
Bau von Pflegeheimen und Kindergärten in Mazedonien
IMAGE Regierung bietet Förderungen - auch für Auslandsinvestoren Die mazedonische Regierung fördert den Bau von Alterspflegeheimenund Kindergärten. 35 neue Lokationen sind für den Bau vonPflegeheime identifiziert worden, 55 Objekte sollen erneuertwerden. Für den Bau von neuen Kindergärten stehen 23 Lokationenzur Verfügung.Der Grundstückspreis wird für 1 Euro/m2 angeboten, dieReduzierung der kommunalen Gebühren und Abgaben beträgt 95 %.Auch ausländische Unternehmen können in diesen Bereicheninvestieren. Mehr... Read More...
Schweizer unterliegen Mazedonien deutlich
IMAGE Für die Schweizer Handballer verläuft der Auftakt zur EM-Ausscheidung unbefriedigend. In Mazedonien bezieht die SHV-Auswahl eine 20:27-Niederlage.(si) Die international ins untere Tableau abgerutschte Equipe von Rolf Brack erfüllte zumindest während der ersten 34 Minuten die Erwartungen. Als Roman Sidorowicz das 11:12 markierte, zeichnete sich ein überraschend gutes Ergebnis ab. Dann unterliefen dem Aussenseiter aber zu viele «unforced errors», derweil der EM-Fünfte von 2012 die Schlagzahl nochmals spürbar erhöhte und innerhalb weniger Minute die Zäsur erzwang. Am Ende war die Differenz sogar deutlicher als bei den Niederlagen gegen die Balkan-Equipe in der letzten missratenen... Read More...
Griechenland und Mazedonien streiten vor UN um Staatsnamen
IMAGE NEW YORK (awp international) - Griechenland und das kleine Mazedonien werden ihren Namensstreit jetzt auf höchster Ebene austragen. Der Sondergesandte von UN-Generalsekretär Ban Ki Moon, Matthew Nimetz, will die Vertreter beider Länder nächste Woche in New York erst einzeln und dann gemeinsam empfangen, teilten die Vereinten Nationen am Mittwoch mit. «Ziel ist es, durch unsere Vermittlung eine beiderseits akzeptable Lösung der »Namenssache« zu finden», sagte Nimetz. Griechenland stört sich seit Jahrzehnten an dem Namen «Mazedonien» der einstigen jugoslawischen Teilrepublik, weil die Region - nach Darstellung Athens - kaum etwas gemein habe mit dem antiken Mazedonien, Heimat von... Read More...
Das letzte Refugium des Balkan-Luchses
IMAGE Die Stauung von Gebirgsflüssen im Nationalpark Mavrovo bedroht eine herrliche Landschaft und ihre natürlichen Bewohner. Aber auch die einheimischen Naturschützer werden von den Behörden unter Druck gesetzt.Das Besucherzentrum des Mavrovo-Nationalparks ist ein hübsches Blockhaus. Durch die Büsche am Strassenrand glitzert der See. Ein freundlicher Parkwächter sitzt zwischen geschnitzten Souvenirs und Wanderkarten. Doch an diesem Morgen läuft alles schief. Der Parkwächter ist nervös. Er schwitzt und telefoniert und verschwindet schliesslich im ersten Stock. Ratlos bleibt die kleine Besuchergruppe aus Journalisten und Naturschützern zurück, die eine anderthalbstündige Fahrt hinauf... Read More...

Види новости

Се издава стан во Струмица

Се издава комплетно наместен стан во Струмица.

Повеќе инфо...

Пребарувај

Пријави настан

Пријавете ги бесплатно вашите актуелни настани кои се од интерес на македонците во Швајцарија.
Пријави настан

CH Партнери

Baeckerei Gold
Evolution Design
Maneski Construction
PPC Concept
Swiss Keys Management SA
Velkov Importation

МК Партнери

cobi
dalvina
evolution-webdesign
kuli
lavinter

Бизнис Каталог