ЕУ во борба со измамите на потрошувачите на интернет

Поголема заштита на купувачите преку интернет, заштита од скриените трошоци, зголемување на времето од седум на 14 дена за враќање на стоката, се само некои од новите придобивки за европските граѓани со новиот Закон за заштита на потрошувачите, кој веќе стапи во сила.

Со новата директива се зголемуваат правата на 500 милиони потрошувачи без разлика каде купуваат во Европската Унија, во продавница или на интернет. Правилата се еднакво добри и за фирмите бидејќи со новиот закон се овозможува поевтина понуда на производите и на услугите до меѓународните потрошувачи.

Едно од најбитните измени е дека потрошувачите што купуваат на интернет ќе бидат заштитени од скриените трошоци. Такви трошоци опфаќаат измами со кои трговецот сака да го намами потрошувачот на т.н. бесплатни услуги, како хороскоп, рецепти и слично. Од сега со новиот закон потрошувачите мора да потврдат дека ја разбрале понудата и дека се согласуваат со условите што од нив се бараат. Втората измена се однесува на зголемена транспарентност на цената. Тоа значи дека трговците мора да ја објавуваат крајната цена на производите или услугите, односно при купување да не се појавуваат дополнителни трошоци. Практично ова значи дека по доставата на производот, потрошувачот не мора да плати за услугата ако таа не била претходно најавена од страна на трговецот.

Третата измена е забрана на однапред означени полиња на веб-страниците. На пример, при купување авионска карта често се случува да има понуда за купување осигурување или наем на автомобил. Со новиот закон тие дополнителни услуги може да бидат објавени само ако се дополнително означени и купувачите нема да мораат како до сега постојано да ги исклучуваат додека читаат информации за производот за кој се заинтересирани.

Со новиот закон се продолжува од седум на 14 дена рокот за премислување во однос на некој производ што е претходно купен. Практично тоа значи дека производот може да се врати без некоја посебна причина во текот на две недели. Во случај потрошувачот ако не е уредно информиран дека за 14 дена може да го врати производот, рокот на враќање на стоката се продолжува за една година.

Трговците, пак, доколку сакаат да се заштитат од дополнителни трошоци во случај да им биде вратена стоката, мора за тоа јасно да ги известат купувачите бидејќи во спротивно за с` мора да платат сами.

Заштита има и потрошувачите што купуваат од трговци кои преку домашни посети презентираат одреден производ. И за нив важат истите правила. Доколку е купен одреден производ, рокот на враќање се пресметува од денот на неговото преземање, а не како досега од денот кога е склучен договорот. Трговците мора во рок од 14 дена да им ги вратат парите на купувачите вклучувајќи ги тука и дополнителните трошоци доколку ги има.

За да се биде законски уредено, сега со законот се предвидува да се воведат обрасци за враќање на стоката, кои ќе бидат исти за целата Европска Унија и ќе важат во сите членки. При секое купување трговецот ќе мора да ги понуди овие обрасци. Потрошувачот може, но и не мора да ги прифати и употреби. Една од новините е дека сега трговците нема да можат да наплаќаат повисока цена доколку за одреден производ се плати со кредитна картичка, а не со готовина.

Што се однесува до фирмите, тие со новиот закон ќе можат многу полесно да тргуваат во цела Европа. Со новите правила тие ќе можат да продаваат производи и услуги надвор од продавниците, да склучуваат валидни договори и преку интернет и најбитно од с` е дека сега во цела ЕУ ќе важат истите правила.

ЈАСНА НАЗНАКА ДАЛИ СМЕЕ ДА СЕ КОПИРА ДИГИТАЛНАТА СОДРЖИНА

Законот предвидува и подобра заштита во поглед на дигиталните производи. И тие информации мора да бидат јасни и недвосмислени и да го известат купувачот дали смее или не да ја копира содржината и кои се последиците доколку се случи тоа.

Потрошувачите ќе можат да го прекинат преземањето одредена дигитална содржина с` до моментот додека тоа не започне.

Извор: 

Swiss News

Erfolgreicher Austria Showcase Bau und Infrastruktur in Skopje
IMAGE Sieben österreichische Unternehmen präsentierten sich vorTransportminister und Baufirmen Am 5. November 2014 organisierte das AußenwirtschaftsCenterSkopje einen durch die Internationalisierungsoffensive desÖsterreichischen Wirtschaftsministeriums finanzierten Showcase zuBau & Infrastruktur in Mazedonien. Austria Showcase Bau und Infrastruktur in SkopjeSieben österreichische Firmen (u.a. Thales, Voith, Delta Bloc,Terra-Mix) präsentierten sich vor allen relevanten mazedonischenPlayern dieser Branche wie dem Transportminister, dem Direktorder mazedonischen „Asfinag“ sowie den größten Bauunternehmen.Das Thema wird in Mazedonien auch in Zukunft aufgrund vonEBRD-Krediten und IPA... Read More...
Bau von Pflegeheimen und Kindergärten in Mazedonien
IMAGE Regierung bietet Förderungen - auch für Auslandsinvestoren Die mazedonische Regierung fördert den Bau von Alterspflegeheimenund Kindergärten. 35 neue Lokationen sind für den Bau vonPflegeheime identifiziert worden, 55 Objekte sollen erneuertwerden. Für den Bau von neuen Kindergärten stehen 23 Lokationenzur Verfügung.Der Grundstückspreis wird für 1 Euro/m2 angeboten, dieReduzierung der kommunalen Gebühren und Abgaben beträgt 95 %.Auch ausländische Unternehmen können in diesen Bereicheninvestieren. Mehr... Read More...
Schweizer unterliegen Mazedonien deutlich
IMAGE Für die Schweizer Handballer verläuft der Auftakt zur EM-Ausscheidung unbefriedigend. In Mazedonien bezieht die SHV-Auswahl eine 20:27-Niederlage.(si) Die international ins untere Tableau abgerutschte Equipe von Rolf Brack erfüllte zumindest während der ersten 34 Minuten die Erwartungen. Als Roman Sidorowicz das 11:12 markierte, zeichnete sich ein überraschend gutes Ergebnis ab. Dann unterliefen dem Aussenseiter aber zu viele «unforced errors», derweil der EM-Fünfte von 2012 die Schlagzahl nochmals spürbar erhöhte und innerhalb weniger Minute die Zäsur erzwang. Am Ende war die Differenz sogar deutlicher als bei den Niederlagen gegen die Balkan-Equipe in der letzten missratenen... Read More...
Griechenland und Mazedonien streiten vor UN um Staatsnamen
IMAGE NEW YORK (awp international) - Griechenland und das kleine Mazedonien werden ihren Namensstreit jetzt auf höchster Ebene austragen. Der Sondergesandte von UN-Generalsekretär Ban Ki Moon, Matthew Nimetz, will die Vertreter beider Länder nächste Woche in New York erst einzeln und dann gemeinsam empfangen, teilten die Vereinten Nationen am Mittwoch mit. «Ziel ist es, durch unsere Vermittlung eine beiderseits akzeptable Lösung der »Namenssache« zu finden», sagte Nimetz. Griechenland stört sich seit Jahrzehnten an dem Namen «Mazedonien» der einstigen jugoslawischen Teilrepublik, weil die Region - nach Darstellung Athens - kaum etwas gemein habe mit dem antiken Mazedonien, Heimat von... Read More...
Das letzte Refugium des Balkan-Luchses
IMAGE Die Stauung von Gebirgsflüssen im Nationalpark Mavrovo bedroht eine herrliche Landschaft und ihre natürlichen Bewohner. Aber auch die einheimischen Naturschützer werden von den Behörden unter Druck gesetzt.Das Besucherzentrum des Mavrovo-Nationalparks ist ein hübsches Blockhaus. Durch die Büsche am Strassenrand glitzert der See. Ein freundlicher Parkwächter sitzt zwischen geschnitzten Souvenirs und Wanderkarten. Doch an diesem Morgen läuft alles schief. Der Parkwächter ist nervös. Er schwitzt und telefoniert und verschwindet schliesslich im ersten Stock. Ratlos bleibt die kleine Besuchergruppe aus Journalisten und Naturschützern zurück, die eine anderthalbstündige Fahrt hinauf... Read More...

Види новости

Се издава стан во Струмица

Се издава комплетно наместен стан во Струмица.

Повеќе инфо...

Пребарувај

Пријави настан

Пријавете ги бесплатно вашите актуелни настани кои се од интерес на македонците во Швајцарија.
Пријави настан

CH Партнери

Baeckerei Gold
Evolution Design
Maneski Construction
PPC Concept
Swiss Keys Management SA
Velkov Importation

МК Партнери

cobi
dalvina
evolution-webdesign
kuli
lavinter

Бизнис Каталог