Штедењето во ЕУ турна уште 800 илјади деца во сиромаштија

Мерките за штедење кои би требале да ги извлечат земјите од Европската унија од економската криза, турнале речиси 800 илјади деца во сиромаштија повеќе отколку пред пет години, предупредува во својот најнов извештај Меѓународната организација за труд (ILO).

„Достигнувањата на европскиот социјален модел, кој драматично ја намали сиромаштијата и го поттикнуваше просперитетот во периодот по Втората светска војна, ги поткопаа реформите за краткорочните прилагодувања", се истакнува во извештајот за Светската социјална заштита. Од ILO, исто така, истакнуваат дека фискалната консолидација со којашто се сака да се намалат долговите не успеала да го стимулира растот неопходен за отворање нови работни места.

Организацијата препорачува дека социјалната заштита не само што ја намалува сиромаштијата, туку го стимулира и растот преку подоброто здравје на ранливите групи и нивната продуктивност и со тоа ја зголемува домашната побарувачка. Извештајот предупредува и дека приходите на државите како што се Ирска, Грција, Португалија и Кипар се урнисале, што довело и до пад на потрошувачката.

Во Грција, платите паднале за 35 отсто од 2008 година, а невработеноста се зголемила на 28 отсто. Истовремено, системот за социјална грижа го заменува систем кој ја ограничува одговорноста на државата. За споредба, ILO проценува дека стапката на сиромаштијата во Финска во 2010 година била повисока од 30 отсто, а не околу 7 проценти според официјалните податоци, и дека владата ја скусила социјалната помош за оние на коишто им е потребна.

Акцентот во реформите, се истакнува натаму во извештајот, непропорционално е ставен на фискалните цели за урамнотежување на буџетите, „а притоа не се водело сметка за соодветната позла за сите луѓе". Европското решение на кризата во последните пет години наместо тоа предизвикало трајна невработеност, пониски плати и повисоки даноци. Тоа доведе до поголема сиромаштија и социјална исклученост, со коишто сега се погодени околу 123 милиони луѓе, или 24 отсто од населението во Европската унија. Пред почетокот на кризата во 2008 година таа бројка изнесувала 116 милиони. Денеска во сиромаштија живеат 800 илјади повеќе деца отколку пред поет години, се наведува во извештајот.

„Некои процени говорат за уште 15 до 25 милиони луѓе на коишто до 2015 година би можело да им се закани сиромаштијата, доколку се продолжи со фискалната консолидација", предупредува во извештајот од вторникот ILO.

Во Европската унија, според податоците на Европската комисија, невработени се речиси 26 милиони луѓе. Без работа се 5,3 милиони млади луѓе, а речиси половината невработени без работа се повеќе од една година.

„Иако постојат некои сигнали за економско заздравување, тоа и натаму е бавно, многу кревко и невоедначено", изјави во понеделникот еврокомесарот за вработување Ласло Андор.

Европската комисија во економските препораки за секоја земја членка, објавени во понеделникот, првпат ги вклучува социјалните индикатори како што се невработеноста, социјалната исклученост и сиромаштијата. Осум земји челнки на ЕУ со високи стапки на невработеност меѓу младите се издвоени поради 2сериозните проблеми во спроведувањето" на проектот Гаранција за младите. Тоа се Бугарија, Италија, Ирска, Португалија, Полска, Словачка, Хрватска и Шпанија. Комисијата, исто така, предупреди и на проблемот за сé поголемиот број непостојани работни места ширум ЕУ, особено во Шпанија, што се однесува на работата на одредено време и привремената и повремената работа. Владата во Мадрид овозможи непостојана работа, како германските мини работи, кои сега стана многу раширена појава и опфаќа околу 40 отсто од вработените.

Европската унија во април 2013 година ја усвои програмата Гаранција за младите во рамките на којашто сите лица помлади од 25 години во рамките на четири месеци од завршувањето на школувањето или губењето на вработувањето морат да добијат понуда за работа, практика, приправници или продолжување на образованието. Повеќето од средствата за таа намена ќе ги обезбеди Европскиот социјален фонд, а покрај тоа, во рамките на Иницијативата за вработување на младите, предвидени се 6 милијарди евра, во 2104-та и 2015 година, за борба против невработеноста меѓу младите во најтешко погодените региони.

Меѓународната организација на трудот (ILO) проценува, меѓутоа, дека за програмата Гаранција за младите на европско ниво, за да биде доволно ефикасна, неопходни се 21 милијарда евра.

Европската фондација за подобрување на условите за живот и труд проценува, од друга страна, пак, дека помагањето на 7,5 милиони млади лица на возраст од 15 до 24 години. коишто се без работа и не се школуваат па ја губат нивната продуктивност, ќе ја чинат Европската унија 150 милијарди евра.

Извор: 

Swiss News

Erfolgreicher Austria Showcase Bau und Infrastruktur in Skopje
IMAGE Sieben österreichische Unternehmen präsentierten sich vorTransportminister und Baufirmen Am 5. November 2014 organisierte das AußenwirtschaftsCenterSkopje einen durch die Internationalisierungsoffensive desÖsterreichischen Wirtschaftsministeriums finanzierten Showcase zuBau & Infrastruktur in Mazedonien. Austria Showcase Bau und Infrastruktur in SkopjeSieben österreichische Firmen (u.a. Thales, Voith, Delta Bloc,Terra-Mix) präsentierten sich vor allen relevanten mazedonischenPlayern dieser Branche wie dem Transportminister, dem Direktorder mazedonischen „Asfinag“ sowie den größten Bauunternehmen.Das Thema wird in Mazedonien auch in Zukunft aufgrund vonEBRD-Krediten und IPA... Read More...
Bau von Pflegeheimen und Kindergärten in Mazedonien
IMAGE Regierung bietet Förderungen - auch für Auslandsinvestoren Die mazedonische Regierung fördert den Bau von Alterspflegeheimenund Kindergärten. 35 neue Lokationen sind für den Bau vonPflegeheime identifiziert worden, 55 Objekte sollen erneuertwerden. Für den Bau von neuen Kindergärten stehen 23 Lokationenzur Verfügung.Der Grundstückspreis wird für 1 Euro/m2 angeboten, dieReduzierung der kommunalen Gebühren und Abgaben beträgt 95 %.Auch ausländische Unternehmen können in diesen Bereicheninvestieren. Mehr... Read More...
Schweizer unterliegen Mazedonien deutlich
IMAGE Für die Schweizer Handballer verläuft der Auftakt zur EM-Ausscheidung unbefriedigend. In Mazedonien bezieht die SHV-Auswahl eine 20:27-Niederlage.(si) Die international ins untere Tableau abgerutschte Equipe von Rolf Brack erfüllte zumindest während der ersten 34 Minuten die Erwartungen. Als Roman Sidorowicz das 11:12 markierte, zeichnete sich ein überraschend gutes Ergebnis ab. Dann unterliefen dem Aussenseiter aber zu viele «unforced errors», derweil der EM-Fünfte von 2012 die Schlagzahl nochmals spürbar erhöhte und innerhalb weniger Minute die Zäsur erzwang. Am Ende war die Differenz sogar deutlicher als bei den Niederlagen gegen die Balkan-Equipe in der letzten missratenen... Read More...
Griechenland und Mazedonien streiten vor UN um Staatsnamen
IMAGE NEW YORK (awp international) - Griechenland und das kleine Mazedonien werden ihren Namensstreit jetzt auf höchster Ebene austragen. Der Sondergesandte von UN-Generalsekretär Ban Ki Moon, Matthew Nimetz, will die Vertreter beider Länder nächste Woche in New York erst einzeln und dann gemeinsam empfangen, teilten die Vereinten Nationen am Mittwoch mit. «Ziel ist es, durch unsere Vermittlung eine beiderseits akzeptable Lösung der »Namenssache« zu finden», sagte Nimetz. Griechenland stört sich seit Jahrzehnten an dem Namen «Mazedonien» der einstigen jugoslawischen Teilrepublik, weil die Region - nach Darstellung Athens - kaum etwas gemein habe mit dem antiken Mazedonien, Heimat von... Read More...
Das letzte Refugium des Balkan-Luchses
IMAGE Die Stauung von Gebirgsflüssen im Nationalpark Mavrovo bedroht eine herrliche Landschaft und ihre natürlichen Bewohner. Aber auch die einheimischen Naturschützer werden von den Behörden unter Druck gesetzt.Das Besucherzentrum des Mavrovo-Nationalparks ist ein hübsches Blockhaus. Durch die Büsche am Strassenrand glitzert der See. Ein freundlicher Parkwächter sitzt zwischen geschnitzten Souvenirs und Wanderkarten. Doch an diesem Morgen läuft alles schief. Der Parkwächter ist nervös. Er schwitzt und telefoniert und verschwindet schliesslich im ersten Stock. Ratlos bleibt die kleine Besuchergruppe aus Journalisten und Naturschützern zurück, die eine anderthalbstündige Fahrt hinauf... Read More...

Види новости

Се издава стан во Струмица

Се издава комплетно наместен стан во Струмица.

Повеќе инфо...

Пребарувај

Пријави настан

Пријавете ги бесплатно вашите актуелни настани кои се од интерес на македонците во Швајцарија.
Пријави настан

CH Партнери

Baeckerei Gold
Evolution Design
Maneski Construction
PPC Concept
Swiss Keys Management SA
Velkov Importation

МК Партнери

cobi
dalvina
evolution-webdesign
kuli
lavinter

Бизнис Каталог