„Фертрејд“: Праведната трговија сѐ попопуларна

Сѐ повеќе купувачи во Германија посегаат по производите со ознаката „фертрејд“. Праведната трговија доживува полет во Германија. Оваа бранша бележи двоцифрен пораст на прометот.Транспарентен производен ланец, здравствена заштита за работниците, заштита на мајките и почитување на одредени насоки за заштита на климата - сето ова се крие зад „фертрејд“ ознаката. Во Германија минатата година продажбата на сертифицирани производи порасна за 23 проценти, односно за речиси една четвртина во споредба со претходната година. Тоа истовремено значи дека пораснаа и приходите за 654 милиони евра, од кои речиси 95 милиони евра одат директно во земјите во кои оваа стока и се произведува.
Оваа бранша на германскиот пазар веќе 12 година вака бележи двоциферна стапка на пораст - тоа е приказна за успех за кој другите сектори можат само да сонуваат. Германија денес во светски рамки се искачи на трето место, веднаш зад Велика Британија и Швајцарија. Како дојде до тоа?

Праведна трговија во евтини продавници

„Евтините понудувачи, односно дисконтните продавници во Германија, секако играат исклучително важна улога и тука цените на прехранбените производи се особено ниски“, вели Дитер Оверат, директор на организацијата „Фертрејд Германија“ во разговорот за ДВ. Над 90 проценти од Германците еднаш неделно купуваат во дисконтите, вели Оверат повикувајќи се на резултатите на едно истражување. „Тоа и не се најдобри услови „фертрејд“ да понуди малку поскапи производи. Но, истовремено и луѓето се свесни дека сите ние преземаме одговорност за тоа дека во земјите од третиот свет работат деца и за тоа што се искористуваат работниците. Луѓето се некако заморени од приказни. Сакаат да учествуваат во решавање на проблемите“, смета Оверат.
И покрај малку повиската цена, производите со ознаката „фертрејд“ се сметаат за вистинска алтернатива за конвенционалното производство, меѓу останатото и затоа што во меѓувреме може да се најдат и на полиците на големите дисконтни трговски ланци. Се вклучија и „големите играчи“. По Лидл, Пени и Нето, од минатата година и Алди на бананите и на кафето има ознака „фертрејд“ во својот редовен асортиман - и тоа успешно. Со оглед на тоа што таквите производи сѐ почесто се гледаат во продавниците, сѐ повеќе купувачи одлучуваат да ја послушаат својата совест: 50 проценти кога станува збор за бананите, 26 проценти за цвеќето и 20 проценти кога станува збор за кафето.

Бананите, цвеќето и кафето на самиот врв

Ваков пораст во една година има многу повеќе од „само симболично значење“, тврди Оверат. Кафето со „фертрејд“ ознака има пазарен удел од 2,5 проценти, а секоја четврта роза и секоја втора банана кои се продаваат во Германија во меѓувреме доаѓаат од сертифицирани компании. На германскиот пазар, освен тоа, моментално секој ден се појавува некој нов производ со ознаката „фертрејд“.
Продажбата на какао во 2013. година забележа мал пад. Неговиот пазарен удел моментално изнесува 0,2 проценти. Но, тоа сега би требало да се смени со „партнерскиот модел“ кој веќе постои за шеќерот и за памукот. Фирмите ќе бидат обврзани еден дел од вкупната набавка да доаѓа од праведни трговии. За какаото се веќе пронајдени 5 големи партнери - Фереро, Марс, Лидл, Реве и Кауфланд, кои во меѓувреме набавуваат илјадници тони какао според чесни критериуми. Во првите неколку месеци продажбата порасна дури за 7 пати.
„А тоа значи дека одгледувачите на какао од западна Африка, посебно од Брегот на Слоновата Коска, сега можат конечно да продадат повеќе какао по чесни услови“, вели Оверат. „’Фертрејд’ стана ознака која живее и ги вклучува луѓето“, додава тој. Во согласност со тоа и прогнозите се оптимистични. Ова здружение смета дека во 2014 година значително ќе порасне продажбата на сите производи. Во 2015 година би требало за првпат продажбата, слично како и во Велика Британија, да ја пробие границата од една милијарда евра.

Извор: 

Swiss News

Erfolgreicher Austria Showcase Bau und Infrastruktur in Skopje
IMAGE Sieben österreichische Unternehmen präsentierten sich vorTransportminister und Baufirmen Am 5. November 2014 organisierte das AußenwirtschaftsCenterSkopje einen durch die Internationalisierungsoffensive desÖsterreichischen Wirtschaftsministeriums finanzierten Showcase zuBau & Infrastruktur in Mazedonien. Austria Showcase Bau und Infrastruktur in SkopjeSieben österreichische Firmen (u.a. Thales, Voith, Delta Bloc,Terra-Mix) präsentierten sich vor allen relevanten mazedonischenPlayern dieser Branche wie dem Transportminister, dem Direktorder mazedonischen „Asfinag“ sowie den größten Bauunternehmen.Das Thema wird in Mazedonien auch in Zukunft aufgrund vonEBRD-Krediten und IPA... Read More...
Bau von Pflegeheimen und Kindergärten in Mazedonien
IMAGE Regierung bietet Förderungen - auch für Auslandsinvestoren Die mazedonische Regierung fördert den Bau von Alterspflegeheimenund Kindergärten. 35 neue Lokationen sind für den Bau vonPflegeheime identifiziert worden, 55 Objekte sollen erneuertwerden. Für den Bau von neuen Kindergärten stehen 23 Lokationenzur Verfügung.Der Grundstückspreis wird für 1 Euro/m2 angeboten, dieReduzierung der kommunalen Gebühren und Abgaben beträgt 95 %.Auch ausländische Unternehmen können in diesen Bereicheninvestieren. Mehr... Read More...
Schweizer unterliegen Mazedonien deutlich
IMAGE Für die Schweizer Handballer verläuft der Auftakt zur EM-Ausscheidung unbefriedigend. In Mazedonien bezieht die SHV-Auswahl eine 20:27-Niederlage.(si) Die international ins untere Tableau abgerutschte Equipe von Rolf Brack erfüllte zumindest während der ersten 34 Minuten die Erwartungen. Als Roman Sidorowicz das 11:12 markierte, zeichnete sich ein überraschend gutes Ergebnis ab. Dann unterliefen dem Aussenseiter aber zu viele «unforced errors», derweil der EM-Fünfte von 2012 die Schlagzahl nochmals spürbar erhöhte und innerhalb weniger Minute die Zäsur erzwang. Am Ende war die Differenz sogar deutlicher als bei den Niederlagen gegen die Balkan-Equipe in der letzten missratenen... Read More...
Griechenland und Mazedonien streiten vor UN um Staatsnamen
IMAGE NEW YORK (awp international) - Griechenland und das kleine Mazedonien werden ihren Namensstreit jetzt auf höchster Ebene austragen. Der Sondergesandte von UN-Generalsekretär Ban Ki Moon, Matthew Nimetz, will die Vertreter beider Länder nächste Woche in New York erst einzeln und dann gemeinsam empfangen, teilten die Vereinten Nationen am Mittwoch mit. «Ziel ist es, durch unsere Vermittlung eine beiderseits akzeptable Lösung der »Namenssache« zu finden», sagte Nimetz. Griechenland stört sich seit Jahrzehnten an dem Namen «Mazedonien» der einstigen jugoslawischen Teilrepublik, weil die Region - nach Darstellung Athens - kaum etwas gemein habe mit dem antiken Mazedonien, Heimat von... Read More...
Das letzte Refugium des Balkan-Luchses
IMAGE Die Stauung von Gebirgsflüssen im Nationalpark Mavrovo bedroht eine herrliche Landschaft und ihre natürlichen Bewohner. Aber auch die einheimischen Naturschützer werden von den Behörden unter Druck gesetzt.Das Besucherzentrum des Mavrovo-Nationalparks ist ein hübsches Blockhaus. Durch die Büsche am Strassenrand glitzert der See. Ein freundlicher Parkwächter sitzt zwischen geschnitzten Souvenirs und Wanderkarten. Doch an diesem Morgen läuft alles schief. Der Parkwächter ist nervös. Er schwitzt und telefoniert und verschwindet schliesslich im ersten Stock. Ratlos bleibt die kleine Besuchergruppe aus Journalisten und Naturschützern zurück, die eine anderthalbstündige Fahrt hinauf... Read More...

Види новости

Се издава стан во Струмица

Се издава комплетно наместен стан во Струмица.

Повеќе инфо...

Пребарувај

Пријави настан

Пријавете ги бесплатно вашите актуелни настани кои се од интерес на македонците во Швајцарија.
Пријави настан

CH Партнери

Baeckerei Gold
Evolution Design
Maneski Construction
PPC Concept
Swiss Keys Management SA
Velkov Importation

МК Партнери

cobi
dalvina
evolution-webdesign
kuli
lavinter

Бизнис Каталог