Швајцарија не сака работници од ЕУ

Брисел предупреди дека поддржаните законски промени се спротивни на договорот за слободно движење на луѓето меѓу Швајцарија и ЕУ

 ЕВРОСКЕПТИЦИТЕ му го качија притисокот на Брисел

Европската Унија изрази загриженост од резултатите на референдумот во Швајцарија, каде што нешто повеќе од половина од гласачите го поддржаа предлогот за воведување квоти за прием на доселеници од членки на Унијата. Брисел предупреди дека поддржаните законски промени се спротивни на договорот за слободно движење на луѓето меѓу Швајцарија и ЕУ. Разочарани од референдумскиот исход, повеќе европски претставници побараа преиспитување на договорите меѓу двете страни. И покрај тоа што швајцарската економија е во подем и стапката на невработеност е ниска, Швајцарците сѐ повеќе се загрижени за зголемениот број доселеници во земјата.

Конечните резултати покажуваат дека 50,3 отсто од швајцарските гласачи ја поддржале иницијативата на десничарската Швајцарска народна партија (СВП). Доколку швајцарската влада ја преточи иницијативата во закон, тогаш работодавците во иднина ќе треба при вработувањето да им дадат предност на апликантите со швајцарско државјанство.

Неизвесна судбината на договорите со ЕУ

Со иницијативата се бара од швајцарската влада во наредните три години да преговара за доселенички „контингенти“, односно квоти за граѓаните на ЕУ, преостанатите странски студенти и работници, како и за бегалците.

Според ЕУ-обсервер, таквиот чекор ризикува поништување на договорот за слободно движење на лицата меѓу ЕУ и Швајцарија, кој стапи во сила пред 12 години како дел од серијата договори со Брисел.
Договорот би престанал да важи доколку референдумските резултати се преточат во швајцарските закони за доселеници. Европската комисија веднаш реагираше, порачувајќи дека ќе ги разгледа можните последици откако швајцарската влада ќе ги најави своите планови за ова прашање. Германскиот министер за финансии Волфганг Шојбле предупреди дека референдумот ќе предизвика повеќе тешкотии на Швајцарија, додека Франција оцени дека тоа само ќе ѝ наштети на земјата.

Истовремено, еврокомесарката Вивијан Рединг порача за „Фајненшл тајмс“ дека единствениот пазар на ЕУ не може да се растура.

- Единствениот пазар не е швајцарско сирење, не може да имате единствен пазар со дупки во него - истакна Рединг.

Љубоморно ја чуваат економијата

И покрај тоа што неутралната Швајцарија не е членка на ЕУ, нејзината доселеничка политика, пренесува Еурактив, се заснова на слободата на движење на луѓето од и во Унијата, освен со некои исклучоци, како и на отворањето на економијата за доселеници од други земји што не се членки. Глобално ориентираната швајцарска економија вработува голем број странски професионалци, чиј прилив во иднина би бил загрозен доколку биде усвоена законската иницијатива. Годишно околу 80.000 доселеници пристигнуваат во Швајцарија, од кои голем дел се германски државјани што се населуваат во соседната земја. Според Би-би-си, податоците покажуваат дека речиси 300.000 Германци живеат во Швајцарија, чие вкупно население брои околу 8 милиони жители. Интересно е тоа што дури 23 отсто од швајцарското население го сочинуваат странци. Истовремено, ЕУ е најголемиот трговски партнер на Швајцарија, при што само лани увезла швајцарски производи во вредност од 90 милијарди евра.

Во анализата на Еурактив се наведува дека швајцарските гласачи се познати по тоа што на референдум ги отфрлаат предлозите за кои чувствуваат дека би можеле да му наштетат на економскиот успех на Швајцарија или, пак, да ја загрозат швајцарската конкурентност. Минатата година го отфрлија предлогот за ограничување на примањата на директорите и на компаниските претседатели на ниво еднакво на 12 просечни плати во одредената компанија. Но имиграцијата стана сѐ поголем проблем за Швајцарците. Па така, тие во 2009 година го поддржаа предлогот за забрана за изградба на минариња на џамиите, а во 2010 година ја поддржаа иницијативата за законски измени, со кои автоматски ќе се депортираат странците што ќе бидат осудени за тешки злосторства.

Извор:

Swiss News

Erfolgreicher Austria Showcase Bau und Infrastruktur in Skopje
IMAGE Sieben österreichische Unternehmen präsentierten sich vorTransportminister und Baufirmen Am 5. November 2014 organisierte das AußenwirtschaftsCenterSkopje einen durch die Internationalisierungsoffensive desÖsterreichischen Wirtschaftsministeriums finanzierten Showcase zuBau & Infrastruktur in Mazedonien. Austria Showcase Bau und Infrastruktur in SkopjeSieben österreichische Firmen (u.a. Thales, Voith, Delta Bloc,Terra-Mix) präsentierten sich vor allen relevanten mazedonischenPlayern dieser Branche wie dem Transportminister, dem Direktorder mazedonischen „Asfinag“ sowie den größten Bauunternehmen.Das Thema wird in Mazedonien auch in Zukunft aufgrund vonEBRD-Krediten und IPA... Read More...
Bau von Pflegeheimen und Kindergärten in Mazedonien
IMAGE Regierung bietet Förderungen - auch für Auslandsinvestoren Die mazedonische Regierung fördert den Bau von Alterspflegeheimenund Kindergärten. 35 neue Lokationen sind für den Bau vonPflegeheime identifiziert worden, 55 Objekte sollen erneuertwerden. Für den Bau von neuen Kindergärten stehen 23 Lokationenzur Verfügung.Der Grundstückspreis wird für 1 Euro/m2 angeboten, dieReduzierung der kommunalen Gebühren und Abgaben beträgt 95 %.Auch ausländische Unternehmen können in diesen Bereicheninvestieren. Mehr... Read More...
Schweizer unterliegen Mazedonien deutlich
IMAGE Für die Schweizer Handballer verläuft der Auftakt zur EM-Ausscheidung unbefriedigend. In Mazedonien bezieht die SHV-Auswahl eine 20:27-Niederlage.(si) Die international ins untere Tableau abgerutschte Equipe von Rolf Brack erfüllte zumindest während der ersten 34 Minuten die Erwartungen. Als Roman Sidorowicz das 11:12 markierte, zeichnete sich ein überraschend gutes Ergebnis ab. Dann unterliefen dem Aussenseiter aber zu viele «unforced errors», derweil der EM-Fünfte von 2012 die Schlagzahl nochmals spürbar erhöhte und innerhalb weniger Minute die Zäsur erzwang. Am Ende war die Differenz sogar deutlicher als bei den Niederlagen gegen die Balkan-Equipe in der letzten missratenen... Read More...
Griechenland und Mazedonien streiten vor UN um Staatsnamen
IMAGE NEW YORK (awp international) - Griechenland und das kleine Mazedonien werden ihren Namensstreit jetzt auf höchster Ebene austragen. Der Sondergesandte von UN-Generalsekretär Ban Ki Moon, Matthew Nimetz, will die Vertreter beider Länder nächste Woche in New York erst einzeln und dann gemeinsam empfangen, teilten die Vereinten Nationen am Mittwoch mit. «Ziel ist es, durch unsere Vermittlung eine beiderseits akzeptable Lösung der »Namenssache« zu finden», sagte Nimetz. Griechenland stört sich seit Jahrzehnten an dem Namen «Mazedonien» der einstigen jugoslawischen Teilrepublik, weil die Region - nach Darstellung Athens - kaum etwas gemein habe mit dem antiken Mazedonien, Heimat von... Read More...
Das letzte Refugium des Balkan-Luchses
IMAGE Die Stauung von Gebirgsflüssen im Nationalpark Mavrovo bedroht eine herrliche Landschaft und ihre natürlichen Bewohner. Aber auch die einheimischen Naturschützer werden von den Behörden unter Druck gesetzt.Das Besucherzentrum des Mavrovo-Nationalparks ist ein hübsches Blockhaus. Durch die Büsche am Strassenrand glitzert der See. Ein freundlicher Parkwächter sitzt zwischen geschnitzten Souvenirs und Wanderkarten. Doch an diesem Morgen läuft alles schief. Der Parkwächter ist nervös. Er schwitzt und telefoniert und verschwindet schliesslich im ersten Stock. Ratlos bleibt die kleine Besuchergruppe aus Journalisten und Naturschützern zurück, die eine anderthalbstündige Fahrt hinauf... Read More...

Види новости

Се издава стан во Струмица

Се издава комплетно наместен стан во Струмица.

Повеќе инфо...

Пребарувај

Пријави настан

Пријавете ги бесплатно вашите актуелни настани кои се од интерес на македонците во Швајцарија.
Пријави настан

CH Партнери

Baeckerei Gold
Evolution Design
Maneski Construction
PPC Concept
Swiss Keys Management SA
Velkov Importation

МК Партнери

cobi
dalvina
evolution-webdesign
kuli
lavinter

Бизнис Каталог